verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Зборот „респиратор“ нема исто значење на англиски наспроти македонски, албански или српски

on 22 - 04 - 2020       
Снимки на екранот на написи од Википедија за „ventilator“ на англиски и „respirator“ на босански.

Во екот на пандемијата на Ковид-19, кога многу луѓе на кои тој јазик не им е мајчин читаат вести или комуницираат на англиски, важно е да се напомене дека има разлика во значењето на зборот „респиратор“ во различни јазици

Пишува: Тимот на „Критинк“

Во многу европски јазици, зборот  „респиратор“ се користи како кратенка за „респираторна машина“, односно апарат што овозможува вештачко дишење. Ваквите машини пумпаат воздух во дишните органи на пациенти чиј организам е премногу слаб за самиот да дише. Јазиците во кои зборот „респиратор“ има такво значење се повеќето јужнословенски (со исклучок на бугарскиот) и западнословенски јазици, албанскиот јазик, дел од скандинавските јазици и други. Слично, буквалниот превод на истиот термин од француски и шпански е „вештачки респиратор“ (respirateur artificiel).

Зборот „респиратор“ на англиски се употребува за заштитна маска која може да е дел од апарат за дишење. Слика; Wikipedia in English.
Зборот „респиратор“ на англиски се употребува за заштитна маска која може да е дел од апарат за дишење. Слика; Wikipedia in English.

Арно ама, на англиски овие машини се нарекуваат „вентилатори“ (ventilator), иако до 1950 – тите години и таму се користел терминот како во другиве јазици. Во современата англиска медицинска терминологија, зборот „респиратор“ (respirator) се користи за заштитна маска за лице  преку која се диши.

Овие сличности во формата, но разлики во значењето може да доведат до грешки во преводот кога се информира за потребата од користење респиратори и заштитни маски, односно „вентилатори“ и „респиратори“ на англиски.

Овие поими многу често ги користат не само медицински стручњаци туку и политичари, а особено беа актуелни на почетокот на пандемијата кога во балканските земји се дискутираше за иницијалната опременост на медицинскиот персонал да се соочи со пандемијата.

Еден карактеристичен пример е преводот на англиски на вест од Србија, во која во српската верзија се зборува за респиратори:

Što se respiratora tiče, to nisam video u životu, u toku je opšta otimačina na svetskom tržištu respiratora, ne vredi ni ugovor ni kada platite unapred, jer neće da potpisuju ugovore sa penalima, pa prodaju za veću cenu a vama vrate pare, rekao je Vučić.

А, во англиската верзија наместо „вентилатори“ исто така се наведени „респиратори“:

“As for the respirator, I have not seen it in my life. There is a general hijacking in the global respirator market. The contract is not valid even when you pay in advance, because they will not sign contracts with penalties, so they sell for a higher price and give you back money,” Vucic said.

Точниот превод на тој параграф би требало да гласи:

“Concerning the ventilators, I have not seen it in my life. There is a general frenzy on the global ventilator market. The contract is not valid even when you pay in advance, because they [the suppliers] will not sign contracts with penalties, so they sell for a higher price and give you money back,” Vučić said.

Додека во превод на македонски, параграфот е:

Што се однесува до респираторите, такво нешто немам видено во животот. Во тек е општ грабеж на светскиот пазар на респиратори. Не ви вреди ни ако од претходно сте склучиле договор и сте платиле однапред, бидејќи добавувачите не сакаат да потпишуваат договори со пенали. Повеќе им се исплатува да го продадат по поголема цена, а вам да ви ги вратат парите – изјавил Вучиќ.

Читател кој е запознаен само со современата англиска терминологија, без да ги познава и значењата на српски, или нема предзнаење за контекстот може да сфати дека наместо за скапи, компјутеризирани медицински машини се зборува за маски за дишење, за кои исто има јагма на светските пазари.

Примеров го илустрира проблемот кога од друг јазик се преведува кон англиски, а потоа англискиот превод се користи како основа за други вести, или како извор и во земјата од којашто потекнала веста.

Можено е и збунување преку грешка во обратната насока, при превод од англиски, бидејќи зборот „вентилатор“ на повеќето балкански јазици означува уред од бела техника кој служи за разладување.

Можноста за збунување меѓу овие поими, ако на англиски не се користи поимот „вентилатор“, постои и меѓу родените говорители на англискиот јазик. Токму затоа влијателниот  веб-сајт за речници Dictionary.com има објавено едукативен текст во кој нивниот уредник ги објаснува разликите и правилната употреба.

Одговарајќи на истата потреба за општо знаење и Би-Би-Си има објавено текст со кој детално објаснува што се „вентилатори“.

Еве и како се нарекуваат медицинските респиратори на неколку европски јазици:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести