verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Забиберено спинување

on 3 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

09032015-Vecer-SDSM-vleze-crop-resize

[Рецензија: СДСМ влезе – ама ќе излезе]

 

Оваа медиумската содржина во неколку клучни точки отстапува од фактичката состојба и од утврдените професионални стандарди, што ја прави единствено интересна за рецензија. Уште повеќе, можеме да додадеме дека така како што е напишна и така како што се исконтруирани контекстот и нејзината рамка, овој новинарски текст спинува и го насочува вниманието на поенти што не постојат во реалноста.

Ајде да го докажеме тоа. Не е тешко. Ако го споредите оригиналниот настап на лидерот на најголемата опозициска партија на денот кога опозицијата се врати во Собранието, ќе видите дека никаде не се спомнува дека СДСМ, доколку на 15 септември не се избере специјален јавен обвинител, ќе излезе од Собранието. Тој на директното прашање на новинарите одговори:

Медиуми: Рековте дека доколку до 15 септември не се избере јавен обвинител, договорот е невалиден и вие продолжувате со „бомбите“. Дали тоа значи повторно излегување од Собранието и вонинституционално дејствување?

Заев: Ќе ја донесеме одлуката и јавно ќе ја соопштиме на 15 септември доколку се случи да нема избор на специјален јавен обвинител. Тоа на што можеме слободно да укажеме е неможноста некому да ги предадеме доказите, кои се државна сопственост, а ги поседува опозицијата. Ние, ако немаме по закон кому да ги дадеме, а истовремено ако не ги предадеме на институциите, сме должни јавно да ги соопштиме, тоа е и по нашите позитивни законски прописи. Така што, ако нема кому да ги дадеме, ние ќе продолжиме да ги соопштуваме во јавноста. Сè е отворено, до 15 септември ќе почекаме да ги донесеме одлуките.

Значи, во оваа медиумска содржина уште во насловот има неточност, односно невистина.

09032015-Vecer-SDSM-vlezeЛинк до оригиналниот напис: СДСМ влезе – ама ќе излезе

Датум и време на објавување: 01.09.2015, 18:44

Датум на рецензирање: 03.09.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Кога е во прашање точноста, да потсетиме уште еднаш, и, доколку е потребно, уште безброј пати, тоа е еден од врвните прниципи во новинарството и прва „заповед“ од сите кодекси на новинарите, вклучувајки го и македонскиот (Член 1, став 2):

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Од оваа неточност тргнува спинувањето на информацијата ако земеме предвид дека во нејзиниот вовед, авторите на ова писание се повикуваат на изјава на „странски амбасадори“, кои биле „вчудоневидени“ од изјава која, како што утврдивме – не постои.

Важно прашање е кои се воопшто тие „странски амбасадори“ и дали воопшто се реални?

Нема никаква дополнителна поткрепа дека тој коментар е навистина автентичен.

Но, спинот не завршува тука. Тој продолжува со уште една конструкција, овојпат во насловот на една од рамките во текстот: „Брисел го потстетува СДСМ на обврските од договорот од Пржино.“

Во таа рамка е сосема очевидно дека Брисел не му се обраќа само на СДСМ. Напротив, во соопштението на Европската комисија недвосмислено стои:

„Европската комисија очекува страните да продолжат со имплементирање на нивните обврски.“

Значи: Брисел зборува за „страните“, а тоа е множина и значи сите страни вклучени во Договорот од Пржино, ако некому не му е јасно.

Спинувањето е зачинето и со коментари кои се интегрирани во текстот. Еве еден:

„…освен бегањето од она што беше договорено на 15 јули, Заев како што претходно објавивме, се обидува да избега и од изборите кои ќе се организираат согласно договорот од Пржино, свесен дека во април идната година ќе се соочи со уште еден изборен пораз.“

Не велиме ние, кодексот на професионални новинарски стандарди вели – тоа не е дозволено (член 13):

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

И уште еден член не е испочитуван – членот 14:

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.

Во овој случај, новинарот не ја обезбедил потребната дистанца.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно и селективно

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести