Во новинарството нема место за претпоставки
Објавено во Рецензии
on 7 - 07 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Мегафоните на СДСМ ја одработуваат агендата]
Текстот кој е предмет на оваа рецензија е коментаторски, полн со квалификации и so обвинувања, а притоа не користи никакви извори и аргументи. Имајќи го предвид сето ова, многу лесно може да се заклучи дека овој напис е неверодостоен.
Линк до написот: Мегафоните на СДСМ ја одработуваат агендата
Датум и време на објавување: 01.07.2016; 16:49
Датум на рецензирање: 07.07.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ЦЕЛТА – ДА СЕ ПРАВАТ КОНСТРУКЦИИ
Уште во самиот наслов и на почетокот од текстот се гледа неговата цел, а тоа е правење конструкции за жигосување на граѓански активисти и за нивно поврзување со СДСМ и со Сорос, убедувајќи ги читателите дека тие дејствуваат по некакви партиски директиви.
„Една од најгласните од Студентскиот Пленум е Ивана Туфекџиќ која е член на СДСМ и блиска до партиското раководство. Таа често е во близина на челниците на опозицијата, со кои веројатно ги организира своите дејствувања на терен“.
Текстот е насочен кон активистка на „Студентскиот пленум“, Ивана Туфегџиќ, за која се тврди дека е член на СДСМ, иако не се понудени докази за тоа. Понатаму, се посочува дека таа често била во близина на партиските челници од СДСМ и како аргумент се нудат фотографии од Туфегџиќ, на кои таа е застаната до Заев и до Шекеринска. Сепак, нема појаснување каде се направени овие фотографии и во какви околности таа се сликала со нив. Ако некој е сликан со некој партиски лидер, не мора да значи дека е негов поддржувач или, пак, дека е член на неговата партија. Тоа се само претпоставки кои се изведуваат како заклучоци и на читателот му се сервираат како факти.
„Туфекџиќ е блиска и до СОРОС од каде се претпоставува дека зема голема сума на пари за да прави опструкции на терен, да покажува насилство и ароганција“.
Во новинарството нема место за претпоставки. Да се напише дека „се претпоставува дека Туфегџиќ зема голема сума на пари од Сорос“ е рекла-кажала муабет и не му доликува на еден професионален новинарски напис, кој треба да известува, а не да наведува.
„ОСУДЕНАТА“ НЕ ДОБИЛА МОЖНОСТ ДА СЕ ОДБРАНИ
„Туфекџиќ ниту е новинар кој поставува прашања ниту ова е нејзина прес-конференција, туку има за цел единствено да го попречува и блокира демократското право на студентите да изберат свој студентски лидер“.
Каде е втората страна од приказната? Каде е пренесувањето на тоа што се случуваше – членовите на „Студентски пленум“, меѓу кои и Туфегџиќ, се обидуваа да го сопрат токму недемократскиот избор на студентски лидер, на што укажуваа повеќепати во текот на денот кога се одржуваа изборите? Тоа читателот не може да го прочита во овој текст, односно не му се изнесени сите факти за да може самиот да оцени. Напротив, нему му се сервира „пресуда“.
Во овој напис прекршени се неколку членови од Кодексот на новинари, а особено правилото дека:
Новинарите имаат улога да пренесуваат информации, идеи и мислења и право да коментираат. Почитувајќи ги етичките вредности и професионалните стандарди во пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.
Написот е политички мотивиран, не користи извори и аргументи и, според тоа, лесно може да се заклучи дека е неверодостоен.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови