verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вистината во новинарството не содржи пристрасност

on 7 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: „Писарите„ на „Беса„ грдно се излажаа со „Унитети„]

 

Teкстот што е предмет на нашата рецензија се однесува на извитоперувањето или прикривањето информација од јавноста. Целата вест, којапочнува конфузно, зборува за некои „медиуми на движењето Беса“, коишто, наводно, дезинформирале за формирањето фракција од редот на незадоволни членови на ДУИ.

“Kalemxhinjtë” e “Besës” u mashtruan rëndë me “Unitetin”    AKTUALE.MKЛинк до оригиналната вест: „Писарите“ на „Беса“ грдно се излажаа со „Унитети“

Датум и време на објавување: 21/09/2015

Датум на рецензија: 30/09/2015

Рецензент: Бењамин Арифи

Без да ја докаже сопственоста на медиумите за кои зборува или нивната поврзаност со движењето „Беса“, таквата квалификацијана на авторот едноставно останува клевета, на која не ѝ е местото во еден новинарски напис.

„Се чини, на фората најдобро наседнаа, порталите на малата „Беса“, кои што восхитени од „измамата“, побрзаа да објават вест дека се било готово за формирање на нова политичка партија, „каде што ќе преминат сите кои што се незадоволни со досегашните политики на ДУИ… Тие велат дека новиот политички субјект ќе се вика „Унитети“, а „Унитети“, испадна нешто сосема друго, име на обединувањето на НВО-ата на иницијатива на друштвото „Илирикум Либертас“ – Тетово. И автомобилот „зариба“ веднаш по тргнувањето…!“

Текстот не само што содржи клевети и навреди за колегите, туку и суштината за која критикува и навредува е погрешна. Всушност, се потврди дека „писарите“ на порталите имале право кога известуваа за формирањето на Унитети, како отцепување од ДУИ.

Заклучоците на авторот дека веста била „инсинуација, измислица или клевета кои потекнуваат целосно од „писарите“ на едно ново движење“ не држат вода. Новинарот има морална и професионална обврска јавноста да ја информира со факти и максимумот на вистината што може да ја извлече од една вест, а не да води политичка агенда, искористувајќи го новинарството.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести