„Виртуелни“ експерти и навивачки пристап
Објавено во Рецензии
on 25 - 11 - 2015 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ]
Да немаше таков коментаторски пристап, да имаше вистински, а не „виртуелни“ експерти и да го немаше ептен видливиот навивачки пристап, ова ќе беше коректно четиво. Ама, сите претходно наведени „мирудии“ се искористени и е добиен текст што не кореспондира со познатите, барем минимални, професионални стандарди.
Линк до оригиналниот напис: Резултатите од анкетата на ИРИ се шамар за политиките на СДСМ
Датум и време на објавување: 22.11.2015, 16:26
Датум на рецензирање: 24.11.2015
Рецензент: Владимир Мирчески
ДОБАР Е ЗА ПАРТИСКО СООПШТЕНИЕ, АМА НЕ И ЗА ЛЕГИТИМЕН НОВИНАРСКИ ТЕКСТ
Вистинитост во делот на бројките од истражувањето на ИРИ има, ама, за жал, таа е жртвувана и е ставена во подредена позиција во однос на присутните коментар до коментар до коментар…
„Црните сценарија, политиките на хаос и празните обвинувања за недостаток на слобода во државата си го сторија своето па рејтингот на опозицискиот лидер Заев падна од 7 на 5%, додека поддршката за Груевски останува стабилна на 18%.“
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот, вели членот 13 од Кодексот на новинари.
Флагрантно кршење на кодексот – написот е ставен во рубриката „Македонија“, иако е јасно дека е поблиску до тоа да биде сместен во делот „Коментари“.
Но, ова не е единствениот сериозен проблем. Написот се соочува и со отсуство на јасно наведени и прецизирани соговорници, именувани како „експерти“, врз чии изјави се темелат дел од носечките тези на материјалот:
„Експертите коментираат дека ваквите резултати се јасна порака од граѓаните дека на власт не се доаѓа без работа, идеи и програма, со празна реторика за недостаток на демократија особено не додека раководството на опозицијата се сонча во своите јахти на плажите во Грција.“
КОГА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОНЧАЊЕТО ОДАТ РАКА ПОД РАКА
Ќе повторам, аман веќе од овие фантомски експерти, аналитичари, познавачи на состојби и не знам што сè не. Ајде нека се појави јунакот-експерт, со лик, име и со презиме, кој аргументирано ќе го одбрани пласираното тврдење дека има празна ретортика за недостаток на демократија, додека опозициското раководство се сонча на своите јахти и си одмора. Како мене како читател ќе ме убедат во вистинитоста на тезата што ги поврзува демократијата и сончањето, ако не знам кој стои зад неа?Никако, зашто можеби се само партиски фрази „обландирани“ во медиумско пакетче?!
Очекувано, има многу пристрасност што, пак, повлекува отсутство на објективност. Поточно, впечатокот е дека целиот материјал блика од радост зашто власта има подобри бројки во анкетата од тие на опозицијата.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти – член 14 од Кодексот.
Во секој случај, ова како легитимен новинарски производ едноставно не поминува.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
можело и подобро
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
во одредени дози да
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови