verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Видеото што кружи во медиумите за смртта на Коби Брајант е старо и е од Арабија

on 30 - 01 - 2020       

Дури и несреќата во која почина кошаркарската легенда, Коби Брајант не е поштедена од фотографии и видеа кои се стари и презентирани како актуелни, а со кои се известуваше за случајот

Пишува Фатбарда Цури

Ние ќе се осврнеме на случајот со видеото за кое се вели дека е од хеликоптерската несреќа. при што животот го загуби Брајант. Првите сомневања за видеото беа дека не одговараше на времето во кое се случила несреќата, затоа што првично причина за несреќата се велеше дека е маглата, а во видеото кое беше дистрибуирано, небото беше чисто.

Од пребарувањето на „Гугл“, со елемент од видеото кое беше претставено како актуелно, се открива дека истото видео е објавено пред една година на социјалната мрежа „Јутјуб“, на каналот „aviatrix99“ “. Во видеото е прикажана хеликоптерска несреќа во Арабија.

Videoja e vjetër

Старо видео

И ова старо видео стана вирално веднаш, при што ги внесе во игра голем број локалните и регионалните медиуми. Доволно е само да се пребара на „Гугл“ или на некоии од домашните и регионалните агрегатори на вести.

За овој случај се користеше и фотографија, која исто така е стара и не е поврзана со несреќата.

Fotografia që u përdor

Фотографијата што се употреби

Оваа фотографија, сепак, беше користена за проблемите со видливоста, а таа почна да се користи од медиумите, веднаш откако како првична причина за несреќата на хеликоптерот, каде што беше Брајант, се истакнуваше маглата.

Fotografia e vjetër para katër ditësh

Фотографијата стара пред четри дена

Во прирачникот „Критинк“, пишува дека видеата и сликите секако влегуваат во изворот на информациите, но и дека треба да бидат верификувани како и другите извори.

„Двојно проверување (double checking) – потребно е двојно или тројно проверување на веста што новинарот планира да ја објави, и покрај неговата увереност во изворот на информации. Може да има десетина факти во една приказна и секој од нив мора да се провери одделно: изворот на информации, фотографијата, значењето на изјавата“, се вели во Прирачникот.

Употребата на визуелни и застарени извори е тековна појава во медиумите, така што претходно сме рецензирале вакви случаи за земјотресот во Албанија. Затоа, во случаи кога онлајн медиумите се борат да добијат кликања и кој прв ќе објави ексклузивност, не проверувајќи ги истите, ги става и нив и читателите во стапица.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

Претплатете се за најнови вести