verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Видеоснимки, презентирани со една реченица, не се вест

on 13 - 08 - 2015       

 

[Рецензија: Десет арамии крадат 60 милиони евра од граѓаните на Чаир]

 

Со еден сензационален наслов кој буди љубопитност, тврдејќи дека е направен грабеж на толку многу пари од граѓаните, текстот ја манипулира јавноста затоа што содржината на веста не содржи ништо од тоа што го најавува насловот.

Almakos - Dhjete hajdute vjedhin 60 milion euro prej qytetareve te Cairit 1Линк за оригиналниот текст: „Десет арамии крадат 60 милиони евра од граѓаните на Чаир”

Датум и време на објавување: 28.07.2015, 12:15

Датум на рецензија: 30.07.2015

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Насловот на овој рецензиран текст,  „Десет арамии крадат 60 милиони евра од граѓаните на Чаир“, отвора за дискусија едно прашање од голем јавен интерес. Прво, затоа што тврди дека некој („10 арамии“) украл пари од граѓаните на една општина од главниот град, како што е општина Чаир; и второ, поради самиот факт што се спомнува една точна сума пари, 60 милиони евра, која е голема сума пари. Секој што ќе го прочита овој наслов ќе покаже интерес да знае кои се тие „10 арамии“, како се пронајдени, дали се фатени од полицијата и за какви пари станува збор?

Во содржината на веста ги нема овие податоци. Наместо текстот, повторен е насловот  „Десет арамии крадат 60 милиони евра од граѓаните на Чаир“, и тој е придружуван од еден видеозапис со инсерти од една собраниска сесија, каде свој говор има пратеникот  Беким Фазлиу. Во видеозаписот долг околу десет минути, тој, меѓу другото, вели: „60 илјади жители на Чаир му даваат 60 милиони евра на буџетот. За државата е многу поевтино да се грижи за десет арамии, отколку за 60 илјади жители на Чаир и да се грижи за инвестиции и инфраструктура.“

Поаѓајќи од гледна точка на еден пратеник, новинарот може да направи вест. Но, сензационалниот наслов и поставувањето на видеозаписот каде што содржината го нема тоа што го навестува насловот, не ги содржи ниту основните норми на тоа што го нарекуваме вест. Особено поради фактот што остава впечаток за тенденциозност.

Новинарот можеше да ѝ го пренесе на јавноста говорот на споменатиот пратеник, избегнувајќи притоа еден толку тенденциозен наслов, ставајќи ја изјавата во соодветен контекст и да ја информира јавноста дека се работи за обвинувања на еден политички субјект кон друг политички субјект и за покомплетирана вест да дополнеше со официјална изјава од Општина Чаир за обвинувањата насочени на адреса на оваа институција за крадење на парите на граѓаните.

Поради недостиг од овие информации, овој текст останува тенденциозен и сведочи за една крајна пристрасност.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

не апликативно

Претплатете се за најнови вести