verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста треба да се потврди дури и кога се копира

on 16 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-31-zekiri-i-mbron-interesat-e-shqiptareve_-e-zg_-http___www-zhurnal-mk_content_

 

Напис: Зекири ги брани интересите на Aлбанците: Го одбрав СДСМ затоа што има подобра програма од ИСИС

Скопје, 8 септември – Поранешниот новинар Мухамед Зекири, кој минатата недела стана член на највисоките органи на СДСМ и по сè изгледа ќе биде носител на кандидатската листа, даде една официјална изјава околу неговиот нов ангажман, пишува „Република“.

Зекири, со преминувањето од ТВ „Шења“ во СДСМ, изненади многумина. За него многумина рекле дека е исламски радикал и близок на разни струи од Саудиска Арабија и се претпоставуваше дека се откажува од неговата кариера како новинар за да продолжи со неговиот ангажман за религиозни цели.

Но, Зекири го одбрал СДСМ и, како што вели тој, не згрешил.

 „Знам дека многумина очекувале мојата кариера да ја продолжам во ИСИС, пред сè поради моето искуство со „бомбите“ на Заев, меѓутоа се одлучив за СДСМ затоа што имаат подобра програма од ИСИС. Пред сè, како член на ИСИС никогаш не би можел да следам фудбалски натпревар во Косово, Албанија и на Шкендија, не би можел да барам да се гласа за федерализација на Македонија, а ниту да се борам за двојазичност. Со платформата на Заев и на СДСМ, сигурен сум дека заедно можеме да одлучиме за овие работи“, вели убедливо Зекири, пренесува „Република“.

Линк на изворот на веста: http://republika.mk/650417

 

[Рецензија: „Зекири ги брани интересите на Албанците: Го одбрав СДСМ затоа што има подобра програма од ИСИС“]

Масовното копирање на вестите веќе е позната практика на порталите во нашата земја. Тие копираат од секого и за каков било настан. Штом ќе видат дека некој нешто објавил, според нив, некоја интересна вест, тие веднаш ја копираат. Ја копираат и веднаш ја објавуваат, за да не заостанат зад нивната конкуренција. Но, понекогаш се случува веста да биде измислена или, пак, непотврдена и во отсуство на контрола и на потврда на нејзината вистинитост од страна на медиумите од каде што ја копираат, се создава една низа на непотврдени вести.

[Recension: “Zekiri i mbron interesat e shqiptarëve: E zgjodha LSDM-në se ka program më të mirë se ISIS”]Линк до оригиналниот напис: Зеќири ги брани интересите на Албанците: Го одбрав СДСМ затоа што има подобра програма од ИСИС

Датум и време на објавување: 08.09.2016

Датум на рецензирање: 14.09.2016

Рецензент: Агрон Врангала

Веста што ја рецензираме, искрено, е малку специфична. На прв поглед, сè изгледа во ред. Воведот е во ред, следуваат објаснувања, потоа на ред е делот со изјавата и тука завршува. Иако по изјавата добро е да има и неколку завршни реченици, сепак не е некој голем проблем ако нема. Изјавата на Мухамед Зекири која е пренесена во овој текст, за општата јавност изгледа сосема во ред, и дури Зекири се цититира кога рекол дека го направил најдобриот избор што се приклучил кон СДСМ, затоа што оваа партија ќе му понудела повеќе од ИСИС, организација за која Зекири е обвинуван за поврзаност.

Една таква изјава сигурно дека ќе привлече повеќе читатели. Кога се чита, може да се добие впечаток дека нема никаков проблем со автентичноста на веста. Но, добрите познавачи би забележале дека не дава информација за тоа кога и каде и во каков контекст Зекири го рекол тоа, нешто што е професионален недостаток и што буди сомнежи. Сепак, ова може да го разберат само добрите познавачи на медиумите.

Но, што се случи? Истиот ден кога беше објавена оваа вест, излезе Мухамед Зекири и рече дека не кажал такво нешто. Тој на својот профил на „Фејсбук“ напишал:

„Искрено ми е жал што ќе бидам принуден да поднесам тужби против сите портали кои ја играат улогата на „новинари“, почнувајќи од „Журнал“, „Тетовасот“, „Факте“ и сите други кои измислуваат вести за мене. Нивната валкана пропаганда ги преминала сите граници. Под итно барам да се отстрани оваа гнасна „вест“ која е измислена во мое име и сите тие кои ја објавиле истата да ми се извинат. Почит за новинарите кои се во служба на оваа света професија, а не за оние кои глумат новинари и се во служба на партиски пропаганди на кои веќе долго време им паднале маските!!!“14248132_10208603031365665_1358220763_o

Иако Зекири се закани со тужби кон некои портали, веста продолжува да кружи по истите. Ова подразбира две работи: или Зекири се пишманил за тоа што го рекол и сега бара да се повлече веста заканувајќи се дека ќе поднесе тужби за клевета против порталите или, пак, порталите навистина ја измислиле оваа вест целосно базирајќи се на една голема лага. Но, едно е важно: ако не реагираше именуваната страна, во овој случај поранешниот новинар Зекири, веста многу лесно ќе ѝ се „продадеше“ на јавноста, затоа што на прв поглед изгледа како сè да е во ред и нема елементи што можат да нè натераат да се сомневаме во нејзината автентичност.

Не само според Етичкиот кодекс на новинарите, но воопшто, според Законот за граѓанска одговорноста за клевета и навреда, клеветата се смета за прекршок и како таква претставува прекршочно дело.

„Журнал“ на крајот од текстот го објавува и линкот од каде што е преземена веста. Станува збор за еден провладин магазин „Република“.

И тука доаѓаме до тоа што го рековме уште на самиот почеток, дека е важно и кога се позајмува една вест, сепак да има некаква потврда, особено ако во неа има обвинувања за една страна или кога се зема од медиуми кои се наклонети кон одредена политичка партија. Во оваа вест не може да се одреди кој има, а кој нема право. Всушност, новинарството во основа никогаш не суди за настаните или разните феномени, туку едноставно им дава простор на сите протагонисти да го искажат своето мислење. Ако Зекири има намера случајот да го дотурка до суд, тогаш оваа институција ќе оцени дали има правна основа да се суди и да се пресуди дека е клевета, по што се одредува и санкцијата.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести