verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вест изгубена во неколку пропагандистички редови

on 13 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-70-shqiponja-agim-nuhiu-ne-mes-te-gjitheve-balle-larte_-http___endacaku-ch_

 

Напис: „Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои.

’Шќипоња’ – Агим Нухиу меѓу сите

Заменик-министерот Агим Нухиу за време на една церемонија гордо стои меѓу вработените во МВР. Веднаш откако беше назначен за заменик-министер, Агим Нухиу направи неколку круцијални измени, особено во местата каде што живее албанско население, кои имаат цел да олеснат  бројни процедури. Тој е познат како најпрофесионален кадар на Демократската унија за интерграција.

 

[Рецензија:„Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои.]

Овој текст докажува дека често се случува професионалното новинарство да не може да се најде на електронските портали. За написот не можеме да кажеме во која рубрика припаѓа, но едно е сигурно – не во онаа за вести. Не може да се одреди која била целта на авторот и зошто една таква вест треба да ѝ се наметне на јавноста. Нема логика!

„’Шќипоња’ – Агим Нухиу меѓу сите

Заменик министерот Агим Нухиу за време на една церемонија гордо стои меѓу вработените во МВР.“

Почнувајќи од насловот (кој, за жал, има и точка на крај), па сè до крајот на текстот, нема структура, стил и новинарски говор, кој, пак, е заменет со пропагандистички говор.

 

shqiponja-agim-nuhiu-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „„Шќипоња“ – Агим Нухиу меѓу сите гордо стои

Датум и време на објавување: 08.10.2016

Датум на рецензирање: 09.102016

Рецензент: Адриан Керими

Написот нè „информира“ за активностите на замник-министерот за внатрешни работи, меѓутоа во него нема ништо конкретно, туку само хипотетички реченици и зборови со пропагандистичка заднина. Како таква, содржината повеќе пренесува лични оценувања, отколку информации што би можеле да бидат од интерес за јавноста.

„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“, сугерира Кодексот на новинарите.


„Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата“, се вели во него.

„Веднаш откако беше назначен за заменик-министер, Агим Нухиу направи неколку круцијални измени, особено во местата каде што живее албанско население, кои имаат цел да олеснат бројни процедури. Тој е познат како најпрофесионален кадар на Демократската унија за интерграција“.   

Написот нема податоци од дневниот настан, кој, се разбира, е од интерес за јавноста и кој сигурно повеќе соодветствува со тоа што се бара во оваа вест, за разлика од редовите на овој напис. Во текстот никаде не пишува дека Нухиу учествувал на приемот на новите полицајци.

Можеби на авторот му било јасно дека ако пишуваше за неговото учество, тогаш тој ќе требаше да ја прошири веста со други податоци и со факти, кои можеа да се прошират, навлегувајќи и во прашањето за вработувањата во предизборие или, пак, на прашањето за полицајците Албанци и дилемите поврзани со дискриминацијата на Албанците во досегашните конкурси. Во содржината нема ништо од ова што спомнавме. И како таква, оваа содржина не заслужува да се нарече вест.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести