verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Вечер, Сител објавија дезинформација дека Грција забрани влез за жителите од македонските општини со најмногу заразени

on 3 - 06 - 2020       

[Рецензија: ГРЦИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ за општините од Македонија со најмногу заразени – меѓу нив Тетово и Чаир]

Линк до оригиналниот напис: ГРЦИЈА ЗАБРАНИ ВЛЕЗ за општините од Македонија со најмногу заразени – меѓу нив Тетово и Чаир

Датум и време на објавување: 03.06.2020

Датум на рецензија: 03.06.2020

Рецензент: Мирослава Бурнс

Рецензираме текст во кој се тврди дека жителите на општините со најголем број новозаразени од коронавирусот во Северна Македонија, добиваат забрана за влез во Грција, а меѓу нив се наведуваат жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, но и уште неколку општини каде вирусот се прошири.

Оваа информација не е точна. Министерството за надворешни работи на Грција има официјално соопштение на својата веб страница и во него нема споменато ништо околу рестрикции за македонски граѓани од општините што се посочуваат во рецензираниот текст.

Во него се тврди дека изворот е грчкото МНР, но самото соопштение изгледа многу сомнително, со три четвртини од грбот на институцијата и личи на фотомонтажа. Границите од грчката страна не се отворени дури ни за жителите на местата во Македонија што имаат нула заразени. Сепак, дословниот превод на текстот од грчки на македонски јазик гласи:

„Грчкото министерство за надворешни работи ги информира пограничните служби дека до 1 Јули забранува влез во Грција за жителите на Тетово, Чаир, Сарај, Бутел, Арачиново, Липково, Куманово, Теарце, Студеничани и Шуто Оризари“ стои во соопштението на грчкото МНР.”

Не е направен обид официјално да се потврди или да се демантира информацијата и таа е објавена непроверена.

Во текстот се тврди дека Грција не сака да ризикува во пресрет на летната сезона и решила да го спречи ширењето на коронавирусот на нивна територија за разлика од македонските власти кои тоа не го направиле. Не е консултирано македонското МНР за да се изврши проверка на главната информација во текстот. Инаку, ваквата евентуалната забрана за патување издадена од органи од една држава, а која би се однесувала само на граѓани кои живеат на делови од територии од друга држава, би го нарушила ETIAS договорот меѓу Република Северна Македонија и Европската унија.

Покрај рецензираната вест, објавена на веб страницата на „Вечер“, веста беше објавена и на веб страницата на Сител телевизија.

Но, оттаму тој беше брзо повлечен, како што покажува овој принтскрин и тоа без никакво објаснување.

Нешто подоцна во текот на денот, истото го направи и веб-сајтот на „Вечер“, без да објави корекција или извинување до читателите.

Но, тоа не ја спречи ваквата дезинформација да се искачи на прво место на домашната страна од популарните агрегатори на вести каков што е Тајм.мк и со тоа да достигне значителен број на прегледи и читања.

Лажната „вест“ како „главна“ на насловната страница на Time.mk. Кликнете за поголема верзија.

Македонското министерство за надворешни работи на Фејсбук на Твитер ја демантираше информацијата. Оттаму, во надеж што побрзо да реагираат, само кусо напишаа: ,,лажна вест”.

Со дополнителни информации во кои се тврди дека нема никакви дополнителни забрани за патување на македонските државјани во Грција се јави и дописникот на МИА од Атина.

Покрај „Вечер“ и „Сител ТВ“, оваа дезинформација ја имаат објавено и „Република“ и „Пресинг“ (обата медиуми се во сопственост на фирмата со унгарски капитал Прва Република ДОО Скопје), како и „24 инфо“

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести