verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Важна тема со недостиг на основни елементи за вест!

on 27 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #140 - 'Tmerr në spitalet e Maqedonisë, fotografohen pacientët gjatë operacionit dhe publikohen fotot' - zhurnal_mk_content__i

Напис: Ужас во болниците во Македонија, сликаат пациенти за време на операцијата и ги објавуваат сликите

Скандал ја тресе Македонија. Во општата болница во Гевгелија, хирурзите, анестезиолозите и другиот помошен персонал, по една тешка операција на желудникот, решиле да се сликаат, нарушувајќи ја на овој начин приватноста на оперираниот пациент.

Оваа екипа решила во операционата сала да се слика пред пациентот кој е несвесен и под дејство на анестезија (лекови и гасови кои се употребуваат при операција за да се успие пациентот).

Оваа шокантна слика предизвика бројни реакции во јавноста поради фактот што со неа се нарушува приватноста и правата на пациентите. Според „Журнал“, до овој момент сè уште нема реакција од министерот за здравство, Никола Тодоров.

[Рецензија: Ужас во болниците во Македонија, сликаат пациенти за време на операцијата и ги објавуваат сликите]

Деталите не се важни во веста, сепак, веста треба да се заснова на неколку факти, за да добие форма и да биде целосна. Потребата само да се напише нешто и брзањето тоа да се објави на интернет, не  е професионализам. Релевантните факти и докази се елеменети што на веста ѝ даваат доверливост. Доверливоста секогаш зависи и се оценува од јавноста, и никогаш од авторот или новинарот.

Во конкретниот случај, станува збор за една вест која со право се однесува на прашање од јавен интерес, но фактот што во неа нема некои од основните елементи, ја прави истата тенденциозна, неоснована, содржина која непотребно го „напаѓа“ вниманието на јавноста на начин кој и не доликува на новинарство.

Текстот почнува со зборовите „Скандал ја тресе Македонија“. Иако, веќе станало практика на секој втор наслов да му се дава некој ваков епитет, треба да се истакне фактот дека новинарот не е тој што треба да оценува, туку да информира на професионален начин. Дали станува збор за скандал, злосторничко дело или професионална неодговорност, треба да каже јавноста.

„Скандал ја тресе Македонија. Во општата Болница во Гевгелија, хирурзите, анестезиолозите и другиот помошен персонал, по една тешка операција на желудникот, решиле да се сликаат, нарушувајќи ја на овој начин приватноста на оперираниот пациент. Оваа екипа решила во операционата сала да се слика пред пациентот кој е несвесен и под дејство на анестезија (лекови и гасови кои се употребуваат при операција за да се успие пациентот).“

 

Tmerr në spitalet e Maqedonisë screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Ужас во болниците во Македонија, пациентите се сликаат за време на операцијата и се објавуваат сликите”
Датум и време на објавување:
20.04.2016


Датум на рецензирање:
20.04.2016


Рецензент:
 Адриан Керими

 

Авторот го оценува како шокантен актот на споделување на сликата по социјалните мрежи. Ова, и да е вистина, освен врз основа на оценувањето на информацијата, треба да се претстави и со докази. Ако веста предизвикала реакции, авторот има задача да цитира неколку од нив, а не само да верува дека со тоа што ќе напише „бројни реакции“, ќе го убеди читателот дека станува збор за еден мегаскандал и дека е нарушена приватноста на пациентот.  Ова, последното, привлекува уште поголемо внимание. За каква приватност се работи, кога на сликата јасно се гледа дека не е откриено лицето, а ниту некаков личен податок на пациентот? Можеби, под таа прекривка и воопшто нема пациент?! Ако во оригиналната слика се гледало лицето на пациентот и самата редакција го сочувала идентитетот на пациентот, треба да се истакне дека ова е направено од нив, а не од тој што ја објавил сликата. Ова не е докажано, а ниту има обид да се разјасни од авторот на веста.

Друг (основен) елемент што го нема во веста и поради кој новинарот излегува пристрасен е немањето изјава од засегнатата страна. Авторот не побарал став ни од директорот на болницата, ни од раководителот на одделението, а, освен тоа, на крајот пишува дека досега не реагирал ниту министерот за здравство. Него, пак, авторот го спомнува, но не помислил лично да побара изјава или мислење од Никола Тодоров.

Додека меѓу редови авторот ги осудува лекарите за еден скандалозен акт, тој самиот ја прекршил новинарската етика со тоа што нема нивен став вклучено во текстот, а ниту, пак, од министерот Тодоров, со чие име го завршува текстот.

„Оваа шокантна слика предизвикала бројни реакции во јавноста поради фактот што со неа се нарушува приватноста и правата на пациентите. Според „Журнал“, до овој момент сè уште нема реакција од министерот за здравство, Никола Тодоров.“

Дека веста е направена набрзина, дека има можност таа да е преземена или заснована од други медиуми и само е преведена на албански јазик, без да се прочисти добро и без да се потврди од соодветната редакција, потврдува фактот што никаде во текстот не пишува дека е побарано став, дека е посетено или е извршена инспекција на споменатото одделение.

Ова е доказ за една форма која фукнционира не само во вакви содржини, но и на многу такви, во голем број медиуми на интернет, кои за комерцијални цели пишуваат вести во форма што би се опишала со изреката „поради една вошка се гори цел јорган“. Особено поради фактот што настанот се случил во едно одделение, а во насловот се алудира дека сите болници во Македонија се во иста состојба. Ова можеби и не е далеку од реалноста, но еден таков наслов заслужува и има потреба од повеќе докази и аргументи.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Нерелевантни

Непотврдени

Непотврдени

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

Не се исклучува можноста

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

Можеби

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести