verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Уште едно новинарско фијаско

on 15 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-160-bdi-peson-fiasko-ne-kon_-http___ina-online-net_bdi-peson-fiasko-ne-kondove_

 

Напис: ДУИ претрпе фијаско во Кондово

Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Кондово. Иако претходно кадрите на ДУИ во општина Сарај се погрижија да ги ослободат порано децата од училишта за да се наполни салата каде што се одржуваше средбата на ДУИ и иако луѓето беа поканети од куќа до куќа, функционерите на партијата на Ахмети претрпеа вистинско фијаско.

Беа пречекани од едвај осум лица. ДУИ го доби најдобриот одговор дека не е посакувана во Кондово, дека жителите на Кондово ја осудуваат криминалноста и аморалноста на ДУИ. Кондово ѝ го даде денеска одговорот на ДУИ за тоа што следува на 11 декември. Кондово не ги трпи предавниците на Албанците.

 

[Рецензија: ДУИ претрпе фијаско во Кондово]

Практиката на пишување на празно не е непозната за интернет-новинарството на албански јазик во Македонија. Честопати, иако вестите не даваат никаква корисна информација или немаат ниту една основа на вистинитост, се пишува нешто колку да не биде празна рубриката.

 

bdi-peson-fiasko-ne-kondove-iliria-news-agencyЛинк до оригиналниот напис: ДУИ претрпе фијаско во Кондово

Датум и време на објавување: 29.12.2016

Датум на рецензирање: 02.12.2016

Рецензент: Ферикан Илјази Арифи

Пример за ваков напис без ниедна основа за тоа што му се најавува на читателот е и овој текст што го рецензираме. Во него се зборува за неуспешен собир на една партија, а нема ниедна фотографија или видеозапис што би служеле како основа за ова тврдење. Единствено нешто што се гледа е една фотографија од ДУИ поставена со знакот „икс“ што нема никаква релевантност за темата.

„Демократската унија за интеграција денеска имаше средба со жителите на Кондово. Иако претходно кадрите на ДУИ во општина Сарај се погрижија да ги ослободат порано децата од училишта за да се наполни салата каде што се одржуваше средбата на ДУИ и иако луѓето беа поканети од куќа до куќа, функционерите на партијата на Ахмети претрпеа вистинско фијаско“.

Каде го гледа тоа фијаско? Каде се гледа Сарај? Каде се гледаат децата? Како што спомнавме на почеток, зборови на празно.

Не само што е оставено на фантазијата тоа што се случило или не се случило во Кондово, туку новинарот отишол и многу подалеку, давајќи коментари за што биле револтирани жителите на Кондово, за кои се вели дека му го свртеле грбот на Али Ахмети.

„Беа пречекани од едвај осум лица. ДУИ го доби најдобриот одговор дека не е посакувана во Кондово, дека жителите на Кондово ја осудуваат криминалноста и аморалноста на ДУИ. Кондово ѝ го даде денеска одговорот на ДУИ за тоа што следува на 11 декември. Кондово не ги трпи предавниците на Албанците“.

Написот, и таков како што е, би изгледал многу подобро доколку имаше барем некоја фотографија од озборуваниот митинг, иако честопати и фотографиите може да се манипулираат. Или, да има видеоснимка од некоја изјава од жителите на Кондово, каде тие самите би кажале дали е или не е добредојдена оваа партија.

Ова е најмалку што може да направат новинарите. Да покажат вистинитост, непристрасност, сеопфатност во веста, а не да остават толку многу простор за манипулации, што и малите деца да можат да разберат дека станува збор за пропаганда, а не за информација.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести