verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За уличарски речник нема место во медиумите!

on 28 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 283 - PSHURRANI ALAJDIN DE_ - http___ditari.mk_2017_02_13_pshurrani-alajdin-demiri_

 

Напис: МОЧКОТО АЛАЈДИН ДЕМИРИ!

Одвратно, понижувачко, гадно и навредливо е за сите нас кога на екранот гледаме еден човек како Алајдин Демири како дава мислења за разни општествено-политички настани.

Ова навистина ги преминува сите граници и Aлбанците во Македонија, без разлика како се политички ориентирани, не може да бидат понижени до толкава мера и да слушаат од валканата уста и мозок на Алајдин Демири, брборење  кое  смрди на алкохол и на урина.

Зошто да глумиме дека сме заборавиле, кога сите ние, како тетовчаните така и Aлбанците знаеме кое е ова ниско суштество во човечка форма што се вика Алајдин Демири.

Да се потсетиме:

– Алајдин Демири пред десет години формираше политичка партија и на избори од повеќе од 600.000 регистрирани гласачи едвај доби 200 гласови и тоа гласови од тие што беа на листата од дваесет кандидати, не гласови од семејството на Алајдин Демири бидејќи тие најдобро знаат каков олош е овој човек;

– Алајдин Демири како дипломат во Швајцарија беше протеран од швајцарските власти, бидејќи овој обичен „пијаница“ мочаше на јавни места и дури и во пијана состојба ги напаѓаше жените, сè додека швајцарските власти не презедоа мерки за протерување на овој манијак и пијаница од швајцарската територија и покрај тоа што имаше дипломатски статус;

– Пред не повеќе од четири денови, во доцните вечерни часови, персоналот од еден локал во Тетово бил принуден да го извади Алајдин Демири насила надвор, бидејќи почнал да се лигави и да пцуе и ги вознемирувал како присутните клиенти, така и персоналот;

– Овој манијак, Алајдин Демири, овој алкохоличар станал неподнослив и за неговото семејство, за неговите синови кои го избркале и воопшто не сакаат да имаат работа со него и сите тие фрустрации кои излегуваат со брборење од неговата уста и смрдат на урина и на алкохол;

Е сега, кога сите знаеме кој е, како смееме да му дадеме микрофон на оваа сорта од видот на Алајдин Демири за да го „уринира и алкохолизира“ целиот процес на креирање на јавното мислење.

Oвие млади треба да се почитуваат повеќе и да се поштедат од миризбата што доаѓа од „септичката јама“ со името Алајдин! /Дитари/

 

[Рецензија: МОЧКОТО АЛАЈДИН ДЕМИРИ]

Во „банката“ за рецензии имаме еден текст што не бара многу интелектуален ангажман за да се докаже непрофесионалноста и отсуството на етика. Иако е објавен во интернет-медиум, и тоа во рубриката за вести, ова е еден напис што може да се нарече сè, само не новинарство.

PSHURRANI ALAJDIN DEMIRI Ditari.mk Regjistri i lajmitЛинк до оригиналниот напис:  МОЧКОТО АЛАЈДИН ДЕМИРИ

Датум и време на објавување: 13/02/2017

Датум на рецензирање: 18/02/2017

Рецензент: Бенјамин Арифи

Овој напис е еден куп навреди, потсмевања и етикетирања, напишани за една јавна личност.

Некој ќе рече, добро, не е ли ова слобода на изразување? Не, не е. Речникот е толку тежок, што еден професионален медиум не би требало да го објави ни како колумна или коментар од некој друг со име и презиме, а не, пак, да се обиде да го „продаде“ во рубриката за вести.  Ова дело е тешка навреда колку и за лицето за кое се пишува овој текст, толку за новинарската професија.

Во оваа рецензија нема да објавиме цитати како доказ за овој напис, бидејќи не сакаме да му дадеме простор на говорот на омраза и повторно да ја виктимизираме личноста која е цел на овој текст. Доволна е квалификацијата дадена во насловот за да сфатите како потоа се одвива „нарацијата“. Ваквиот текст ги преминува сите основни граници, од професионален, морален и етички аспект на новинарството. Ваквиот пристап, без сомнеж, го прекршува Кодексот за етика на новинарите, и тоа следниве параграфи:

  • Етичкиот и професионалниот Кодекс на новинарите им налага посебна одговорност за јавно искажаниот збор. Нивните ставови се важни фактори во обликувањето на јавното мислење поради што говорот на омразата е неспоив со новинарската етика.

  • Јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е или се граничи со говорот на омраза.

Кога медиумите се користат за израмнување политички или лични сметки, ваквите текстови се неизбежен резултат. Тие се показатели на ропството на медиумите кон одредените центри на политичката и на економската сила. Но, резултат на ваквите написи се и судските тужби, губењето интерес од страна на јавноста, губење на читаност, намалување на бројот на рекламите.

„Слепото“ служење некому никогаш не завршува добро за еден медиум. Затоа, многу медиуми треба да сфатат дека треба да се вратат на нивната генеза, оригинална мисија, правилното и објективно информирање на јавноста, и да престанат да бидат алатки за политички или лични судири.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

употребен е тежок навредлив речник на граница со говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести