verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Уа, шнајдери!*

on 15 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

05132015-Kurir-Borisov-crop-resize

[Рецензија: Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт]

 

Уште еден шнајдерај и „перење“ информација. Борисов, како прво, му порача на Груевски да си поднесе оставка, а дури потоа, на нови и фер избори да побара народот да му ја врати довербата.

Еве линк до оригиналната вест на електронското издание на бугарскиот медиум – Борисов съветва премиера на Македония да даде оставка.

Во изворната вест бугарскиот премиер го потсетува Груевски дека тој се одлучил на оставка зашто била преголема цената што Бугарија ќе требаше да ја плати, доколку не го направеше тоа.

05132015-Kurir-BorisovЛинк до оригиналниот напис: Борисов го советува Груевски да ја порази опозицијата по негов рецепт

Датум и време на објавување: 12.05.2015, 15:34

Датум на рецензирање: 13.05.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

И тоа го нема во пренесената медиумска содржина што ја рецензираме, како ниту вториот, многу важен дел од пораката на Борисов дека Груевски пред нови и фер избори ќе треба „да си ја среди државата“.

Ете, тие две суштински пораки се „откроени“, „испарани“ од изворната вест, а наместо нив „пришиена“ е нова, односно статистика која треба да илустрира колку убедливо победил Борисов на новите избори, по поднесената оставка.

Сѐ на сѐ, еден неуспешен обид за „кроење“ новинарски текст и на тој начин добива спинувана димензија. Тоа не е добро. Особено кога е сосема јасно дека денеска е невозможно да се скрие која било информација.

*Насловот е позајмен од документарна ТВ-серија во продукција на МРТ посветена на стогодишнината од филмот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

Делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести