verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

ТВ Алфа дезинформираше дека Бочварски не ги почитува мерките против коронавирусот, па се извини

on 11 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија:Бочварски со дваесетина млади без маски и дистанца го честиташе 9 мај  ]

Телевизијата „Алфа“ во прилог во вестите на 9 мај (2020), по повод Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа ги манипулираше гледачите со стара фотографија преставувајќи ја како нова и актуелна.

Во еден од прилозите во вестите тој ден, објавена е дезинформација дека градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, го честитал 9 мај со дваесетина млади без маска и дистанца, онака како што налагаат мерките предвидени за спречување на ширењето на коронавирусот.

Линк до оригиналниот напис: Бочварски со дваесетина млади без маски и дистанца го честиташе 9 мај

Датум и време на објавување: 9.5.2020

Датум на рецензија: 10.5.2020

Рецензент: Симона Атанасова

На објавената фотографија навистина се гледа Бочварски е опкружен со млади без маски и кои не држат соодветна дистанца. Но, она што е скриено како информација е дека фотографијата е стара две години. Снимена е на одбележувањето на Денот на Европа во Штип во 2018 година, а не оваа година.

За оваа објава реагираше и самиот Бочварски, кој на Фејсбук појасни дека фотографијата е стара и побара извинување од ТВ Алфа.

Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа со цел ширење лаги и манипулации на граѓаните. Запрепастува како се осмелиле да употребат фотографија за која јасно стои во описот дека е од настан кој се случи пред две години, во 2018 година, а којшто тогаш беше медиумски покриен од сите национални медиуми, настан на кој присуствуваше тогашниот Претседател на Владата Зоран Заев и високи претставници на Европската Унија, како и многу амбасадори од европските земји.

Очекувам од ТВ Алфа во сите останати изданија на нивните вести во текот на денов да се извинат за ширењето на оваа лажна вест.

Време е да се стави крај на ширењето лажни вести.

Во вестите во 17.30 часот, Телевизијата објави дека е направена грешка и му се извини на Бочварски за направениот пропуст.

Кога грешката е ненамерно направена, знаеме јавно да признаеме и да се извиниме, се вели во извинувањето од ТВ Алфа.

Објавувањето на демант односно исправка е должност на секој медиум кој свесно или несвесно ќе ја изманипулира или дезинформира јавноста. Тоа го предвидува и Кодексот на новинарите, кадешто во членот 3 е наведено дека:

Новинарот ќе настојува да биде обезбедено објавување на исправка, демант и одговор во случај кога ќе биде утврдена неточност на информацијата.

Во овој случај Телевизија Алфа, иако првично објави неточна информација, сепак по реакцијата на Бочварски објави исправка и извинување.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести