verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Трендови“ на коментаторски пофалби

on 21 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

vest-za-otcetot-na-vmro[Рецензија: Отчетноста, сидро на ВМРО ДПМНЕ]

 

Пропагандистички текст објавен како директна поддршка на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, еден ден пред одржувањето на нивниот народен собир. Напис кој покажува целосна наклонетост кон еден политички субјект за мобилизација на гласачкото тело.

 

fireshot-capture-37-otchetnosta-sidro-na-vmro-dpmne_-http___www-vest-mk_Линк до оригиналниот напис: ОТЧЕТНОСТА, СИДРО НА ВМРО ДПМНЕ
Датум и време на објавување: 15.10.2016, 07:29
Датум на рецензирање: 21.10.2016
Рецензент: Симона Атанасова

 

МАСКИРАН КОМЕНТАР

Текстот е полн со коментаторски забелешки, непотврдени констатации и со неосновани пофалби. Напишаното ја манипулира јавноста затоа што не е соодветно визуелно одвоено од другите вести. Иако е коментаторски текст, не се наоѓа во категорија „Коментари“ или „Уреднички коментар“, туку е во категоријата за вести од Македонија.

„ВМРО ДПМНЕ одново промовира трендови во водењето на државата и тоа преку отчетноста, како базичен постулат што е карактеритичен за политиката на развиените демократии со која работите во општеството се менуваат на подобро“.

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ во напишаното е испофалена дека промовира трендови, иако не се посочува за какви трендови станува збор, а потоа се споредува со политики на развиените демократии иако не се истакнува за кои демократии станува збор и кои партии од развиениот демократски свет имаат исти трендови како ВМРО-ДПМНЕ. Исто така, се вели дека работите во општеството се менуваат на подобро, но не е точно објаснето кои се тие работи што стануваат подобри.

 

ФРАЗА ВО ОБИД ДА БИДЕ ПОТКРЕПА

Единствената фраза што ја има текстот и која само минимално го оддалечува од оценката „чиста пропаганда“ е фразата „аналитичарите објаснуваат“, која ја има на почетокот на текстот и служи само како формално оградување. Во написот ги нема „аналитичарите“, ниту нивни изјави, па се добива впечаток дека тие и не постојат.

Многу зборови, ништо кажано. Освен бланко пофалби за една партија во клучен предизборен период.

Ова писание личи на партиска предизборна реклама, која мора да биде одделена од другите новинарски жанрови. Вака напишан, овој текст не ги исполнува ниту минималните критериуми и услови за новинарски продукт, во еден од највлијателните и најтиражните весници во земјава.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести