verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Трач-муабети и етикетирање, а никаде извори и факти

on 10 - 01 - 2017       

maktel-za-dimovski

[Рецензија: ЕКСКЛУЗИВНО: Илче Гебелс за малце ќе ги уништел преговорите меѓу ДПМНЕ и ДУИ кои се во тек!]

 

Коментаторски и едностран напис во кој се забележува пристрасност, а никаде не се гледаат професионалните новинарски стандарди, имајќи предвид дека целата приказна се темели на непроверени чаршиски муабети.

 

maktelЛинк до оригиналниот напис: ЕКСКЛУЗИВНО: Илче Гебелс за малце ќе ги уништел преговорите меѓу ДПМНЕ и ДУИ кои се во тек! 

Датум и време на објавување: 03.01. 2017

Датум на рецензирање: 09. 01. 2017

Рецензент: Димитар Тануров

 

СЕНЗАЦИОНАЛИСТИЧКИ НАСЛОВ

Насловот е навредлив, тенденциозен и сензационалистички, поради првиот дел, кој најавува некаква „бомбастична“ приказна. Со тоа се обидува да го привлече вниманието, користејќи го зборот „ексклузивно“. Исто така, недозволива е употребата на името „Илче Гебелс“,  со кое се омаловажува личноста, а со наводното презиме спинерски се даваат нацистички конотации.

„Дознаваме дека за малку Илче Гебелс ќе ги сјебал преговорите ДПМНЕ – ДУИ кои се во тек.

На еден од состаноците кои се одржуваат секој ден точно во 18 часот во еден скопски хотел, присутен бил и Илче Гебелс.

ДПМНЕ биле очајни и нуделе буквално се што имаат!“

Главата на веста почнува со информација за која нема наведен извор, а во неа се користи уличен простачки јазик, кој не доликува на сериозен новинарски текст. Исто така, лицето кое е посебно посочено во текстот е именувано со истиот прекар од насловот, кој, всушност, претставува етикетирање, а не вистински прекар. Според новинарските стандарди, дури и во случаи кога станува за прифатен прекар и од самата личност која се споменува, прво се наведува официјалното име, а потоа се става прекарот. Во овој случај прекарот служи за оцрнување на Илија Димовски, кој воопшто не е споменат со неговото вистинско име и презиме.

Во текстот понатаму се пренесува содржината на разговорите меѓу претставниците на политичките партии, а тоа се прави толку детално како да го раскажува некој што директно учествувал во преговорите, особено ако се има предвид дека се даваат прецизни информации за „пазарењето“ и за тоа што сè се нудело.

Изнесувањето на наводната понуда повеќе има цел да прикаже дека станува збор за криминалци, а не за политичари.

 

И КЕЛНЕРИТЕ ЛИ ПРЕГОВАРАЛЕ?

Текстот се темели на наводни вработени лица во местото каде што се вршеле преговорите. Локацијата, иако не е наведена со целосното име, детално е опишана и се дава прилично прецизен опис за кое место станува збор. Сепак, името не се споменува, веројатно за да се избегне тужба од хотелот.

Имајќи предвид дека како извор е наведен персоналот на хотелот, нелогично е вработените да имаат толку детални информации од преговорите. Според начинот на кој текстот е напишан, изгледа дека и персоналот на хотелот бил на преговарачката маса. Но, дури и вработените да наслушнале нешто од разговорите и точно да го пренеле на новинарот, тој е должен да ги провери информациите, односно да има најмалку два извора за настанот, особено кога самиот не присуствувал. Ова професионално правило не е испочитувано во текстот, кој повеќе коментира и етикетира отколку што информира.

Написот се коси со повеќе членови од Кодексот на новинари, кој налага објавување точни, проверени информации, да се користи литературен стандарден јазик, кој истовремено не етикетира и не дискриминира. Кодексот налага и дека новинарот треба да прави разлика меѓу вест и коментар, што во овој текст не е случај, како и да обезбеди професионална дистанца при информирањето.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести