verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Точната атрибуција е неопходна

on 25 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Portalb-Mergimtaret-po-grabiten-ne-autostraden-serbe

 

[Рецензија: Иселениците се ограбуваат на српскиот автопат]

 

Точната атрибуција на изворите е еднo од основните начела на професионалното новинарство. Тоа што често се забележува кај медиумите е преземањето информации од разни портали без да се провери оригиналниот извор. Ова практика доведува до распространување на вести што не се проверени и се еднострани.

Portalb - Mergimtaret po grabiten ne autostraden serbe 1Линк до оригиналниот напис: “Иселениците се ограбуваат на српскиот автопат”

Датум и време на објавување: 18.07.2015, 18:58

Датум на рецензија: 21.07.2015 

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Веста што ја рецензираме е преземена од порталот „Aлбинфо“ и истиот е цитиран. Но, оригиналната вест ѝ припаѓа на агенцијата IНА.

Како тема со посебен јавен интерес, во текот на летото е и доаѓањето на иселениците и прашањата што ги засегаат нив. Затоа, не мал број медиуми, во текот на ова годишно време, им посветуваат доста медиумски простор. Меѓутоа, информациите што се преземаат од другите медиуми треба да бидат точно цитирани.

Во конкретниот случај, цитирањето требало да се атрибуира на првичниот извор на веста. Така како што направил порталот „Албинфо“. Освен некоректноста кон медиумот, таквата објава покажува и неодговорност, бидејќи се пренесува непроверена информација.

И фактот дека се цитира медиумот што прв ја објавил информацијата (во овој случај е цитиран вториот медиум), не ја намалува одговорноста на медиумот што ја пренесува информацијата до јавноста. Во овој случај имаме сведоштво на иселеник кој ја искажал својата загриженост за феноменот со кој се соочил. Неговата загриженост е објавена со право, кога се знае големиот бран на иселеници и интересот на јавноста, меѓутоа веста требало да има и извори од српските власти.

За информациите од ваква природа, кои се многу важни за јавноста, но не се потврдени, во Новинарскиот кодекс на Македонија пишува:

Доколку новинарот процени дека непотврдената информација е од јавен интерес, должен е да ја објави, но со јасна назнака дека станува збор за непотврдена информација.

Новинарот може да објави нешто за коешто нема баш докази, ама за кое има доволно индикатори дека е вистина, односно нешто за што постои основано сомневање. Основано сомневање подразбира презентирање на аргументи кои се разумни и кои се индикатор дека нешто е вистина, без да имаме конкретен доказ за вистинитоста.

Новинарот требало да нагласи дека информацијата е непотврдена од други извори, иако со право ја објавил веста заради интересот на јавноста.

Овој недостаток се забележува и кај веста на „Порталб.мк“. Притоа е прекршено и начелото на правилно цитирање, за што Новинарскиот кодекс вели:

Доколку информацијата е преземена или парафразирана од друг медиум, авторско дело или истражување, изворот мора да биде наведен, во спротивно станува збор за плагијатор, а не за новинар.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

сензационален

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести