verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тоалетите во училиштето во Јегуновце не се руинирани туку реновирани

on 12 - 02 - 2020       

[Рецензија: ХОРОР СЦЕНИ: Би пуштиле ли дете да учи во училиште со вакви тоалети?! (ФОТО)]

Написот што го рецензираме се потпира единствено на статус од Фејсбук профилот на ВМРО-ДПМНЕ – ОК Јегуновце и притоа ја дезинформира јавноста дека тоалетите во основното училиште ,,Александар Здравковски”  се руинирани. Тоа го прави уште со насловот кој е сензационалистички и наведува на погрешен заклулок, дека состојбата на тоалетите во училиштето  во Јегуновце е лоша бидејќи образовната институција не се грижи за нив.

Информациите кои се споделуваат на Фејсбук, треба да служат само како почетна основа врз која подоцна ќе се гради сторијата на начин што ќе се контактираат сите инволвирани страни и ќе се земат изјави, а изнесените факти ќе се проверат. Во овој случај е особено лесно да се провери за што станува збор кога се споделува информација за наводни руинирани тоалети во основното училиште ,,Александар Здравковски” во Јегуновце. Потребно е само новинарот да се јави во училиштето, да им ја испрати фотографијата и да ги праша надлежните, односно директорот, дали навистина тоалетите се во таква лоша состојба како што е тоа прикажано на фотографијата и зошто. Доколку го сторел тоа, новинарот би дознал дека фотографијата од тоалетите е од самиот процес на нивното реновирање, а сега тие се во беспрекорна состојба. Но, за жал не е направена таква проверка.

Линк до оригиналниот напис: ХОРОР СЦЕНИ: Би пуштиле ли дете да учи во училиште со вакви тоалети?! (ФОТО)

Датум и време на објавување: 21 јануари 2020, 20:42 

Датум на рецензија:11 февруари 2020

Рецензира: Мирослава Бурнс

На самиот почеток на текстот се кажува дека „на социјалните мрежи се споделуваат слики од страшните услови, односно рушевини од тоалети во Основното училиште „Александар Здравковски“ во Јегуновце“. И потоа во целост се пренесува објава на Фејсбук, а во која се тврди:

Уште што ли треба да се случи за конечно власта да почне да се грижи за најзначајната категорија во оваа земја – учениците?! Во сезоната на појавување на вируси и инфекции, наставниците и учениците од ООУ Александар Здравковски Јегуновце немаат каде да извршат физиолошки потреби и да ги измијат рацете, бидејќи нема тоалети и нема вода…

наставниците и вработените беа оставени на немилоста на власта и наместо да се фокусираат на наставата и да се натпреваруваат во знаења, тие се осудени во секој момент да внимаваат да не им се налепи некоја бактерија или не дај боже, посериозна болест…

Но, тоа е само едната страна на приказната за тоалетите. Како што информираа од  самото училиште „Александар Здравковски“ од Јегуновце, објавените фотографии се од реновирањето на тоалетите кое започнало за време на зимскиот распуст, кога децата не посетувале настава и веќе е завршено. Тие го објавија следниот статус со кој ги демантираат споменатите Фејсбук објави и молњевитото ширење на веста за тоалетите, кои не биле руинирани, туку сликани во моментот на реновирање, кога сите плочки и инсталација морале да се отстранат пред да се заменат со нови.

„На лагата и се кратки нозете“-вели една народна поговорка.Таква лага за нашето училиште како молња се рашири по социјалните медиуми. Станува збор за објавените слики од започнатото реновирање на дотрајаните тоалети кое отпочна за време на зимскиот распуст. Благодарение на Министерството за образование, Градоначалникот Дарко Блажески и секако нашата директорка Даниела Живкоска добивме тоалети кои ги исполнуваат сите стандарди, бидејќи ние како училиште се грижиме за здравјето и безбедноста на нашите ученици и вработени. Вистината секогаш излегува на виделина!

Училиштето демантот го поткреи и со фотографии од новите беспрекорни тоалети.

Социјалните медиуми може да бидат добар извор на информации само доколку тие се проверат со земање изјави, одење на терен и верификување на информацијата. Во спротивно резултатите ќе бидат како во случајов – погрешно информирање на јавноста, намерно или ненамерно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести