verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тоа што се тврди во насловот – го нема во текстот

on 28 - 05 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија: Горивата поскапуваат, буџетот се полни, џебовите се празнат]

Пожелно е насловите да бидат „тизер“ што ќе го заинтересираат читателот. Но, во овој случај, насловот е тенденциозен и тврди нешто за што нема податоци во текстот.

Линк до оригиналниот напис: Горивата поскапуваат, буџетот се полни, џебовите се празнат

Датум и време на објавување: 26.5.2020

Датум на рецензија: 27.5.2020

Рецензент: Стојан Синадинов

По последната најава за поскапување на горивата во Р. С. Македонија, медиумот објавува текст/ТВ прилог со дециден наслов во кој се тврди дека горивата поскапуваат, буџетот се полни, а џебовите се празнат.

Но, веќе во воведот на текстот се демантира неговиот наслов:

Уште колку долго храната, производите и услугите ќе можат да го издржат растот на цените на горивата без да поскапат? Засега нема такви најави од фирмите производители и трговци на кои секојдневно им растат трошоците за транспорт.

Понатаму текстот дава преглед колку поскапеле горивата откако Владата ја зголеми акцизата на нафтата, како економска антикризна мерка предизвикана од пандемијата на Ковид-19, со времетраење до крајот на годината.

Откако Владата одлучи спротивно на праксата во европските држави да ја зголеми акцизата на дериватите за 3 денари, горивата неколку пати поскапеа. Од 21-ви април кога беше донесена одлуката, горивата поскапеа за 9 денари. Дизелот пак се продаваше најевтино по 42 денари за литар од 4-ти до 11-ти мај, а сега е поскап за 7 и пол денари.

Сепак, не е точно тврдењето дека зголемувањето на акцизата на нафтата е непозната пракса во европските земји, бидејќи со вакви мерки се намалуваат несаканите и нестандардни економски ефекти предизвикани од пандемијата на коронавирусот. Пред донесување на оваа непопуларна мерка Владата објави детална анализа за движење на цените на нафтата кај нас и потребата од зголемување на акцизата.

Пред почетокот на анализите, обработени се податоците за движење на малопродажните цени на нафтените деривати во соседството и во поширокиот регион, при што е јасно констатирано дека цената на горивото во нашата земја е најниско вопоширокиот регион и во Европа. Пониска цена во моментот има само Турција за 0,07 еур/лит. На пример за споредба цената во Србија е повисока за 25 ден/лит, во Косово е повисока за 26 ден/лит., во Албанија за 34 ден/лит. во Грција за 38 ден/лит а во Бугарија за 10 ден/лит. Во нашата земјаимаме и најниски износи на акцизата за дизел горивотово регионот и во ЕУ. На пример за споредба акцизата во Србија е повисока за 14,5ден/лит, во Косово е повисока за 7 ден/лит., во Албанија за 2,7ден/лит. во Грција за 10,1ден/лит а во Бугарија за 5,2ден/лит.Во однос наминималната акциза пропишана во земјите членки на ЕУутврдена на износ од 330 еур за 1.000 литри дизел гориво, нашата земја повторно е со најнизок износ од 245,7 еур за 1.000 литри. Исто така понисок износ има и Албанија со износ од 290 еур за 1.000 литри и БиХ со износ од 280,6 еур за 1.000 литри. Во делот на ДДВ исто така сме со најнискастапкаод останатите земји во регионот. Пониска стапка од 17% за ДДВ има само Босна и Херцеговина. Нашата земја по тој основ остварува најмал приход од ДДВ за дизел горивото од само 8 ден/лит, додека сите останати земји се над 10 ден/лит.

Текстот понатаму ја пренесува реакцијата на најголемата опозициска партија:

На ова реагираше и опозицијата. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека власта излажала кога рекла дека порастот на акцизата нема да влијае врз поскапување на горивата и пад на животниот стандард на населението.

За веднаш потоа во написот се кажува дека воведувањето на непопуларната мерка со зголемувањето на акцизата ќе внесе дополнителни 30 милиони евра повеќе во буџетот годинава, како и тоа дека висината на акцизата ќе зависи од цената на нафтата.

Акцизата ќе се намали за еден денар, ако нафтата поскапе за 10 денари, а ако цената на нафтата се зголеми за 20 денари, тогаш акцизата ќе се врати на старото ниво, односно ќе се намали за 3 денари.

Затоа не е јасно зошто реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ е „плесната“ во текстот, или само колку да ја има?

Во Кодексот на новинарите на Македонија се вели дека новинарот треба да објавува точни, проверени информации:

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. (член 1).

Овој текст, пак, остава впечаток дека се немало докрај професионален и коректен пристап, особено при изборот на насловот – третиот став којшто е прилично тенденциозен.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести