verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тешки обвиненија – со ништо непоткрепени!

on 9 - 12 - 2016       

 

ochajniot-zaev-se-fakja-za-slamka-sdsm-vo-kontakt-so-albanski-bandi-od-kosovo-za-incidenti-na-denot-na-izborite-crop-resize

 

[Рецензија: Очајниот Заев се фаќа за сламка: СДСМ во контакт со албански банди од Косово за инциденти на денот на изборите]

 

Насловот на текстот што го рецензираме изнесува тешки обвиненија за лидерот на опозицијата, Зоран Заев, дека, наводно, на денот на изборите подготвува инциденти со помош на албански банди. За овие тврдења не се изнесени факти, а имајќи ја предвид нивната тежина, многу лесно можат да поттикнат на насилство и на инциденти на денот на изборите. Текстот е шпекулативен и политички пристрасен. Насловот, пак, е тенденциозен и дезинформира.

ochajniot-zaev-se-fakja-za-slamka-sdsm-vo-kontakt-so-albanski-bandi-od-kosovo-za-incidenti-na-denot-na-izborite-screenshotЛинк до оригиналниот напис: Очајниот Заев се фаќа за сламка: СДСМ во контакт со албански банди од Косово за инциденти на денот на изборите

Датум и време на објавување: 08.12.2016

Датум на рецензирање: 09.12.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ОБВИНУВАЊА БЕЗ ДОКАЗИ

Написот почнува со констатација за неизбежен пораз на СДСМ и на Зоран Заев на 11 декември, а изборите сè уште не се одржани и никој со сигурност не може да каже кој ќе биде победник или губитник на овие избори. Текстот без докази тврди дека, наводно, овој пораз „го натерал Заев да го активира криминалното подземје во земјата и соседството за да предизвикаат изборни нерегуларности“. Станува збор за обвинувања за наводни кривични дела, за кои текстот не нуди уверливи докази дека навистина се подготвуваат од страна на Заев. „Кружењето муабети на социјалните мрежи“ не може да биде доказ за изборен фалсификат, кој наводно опозицијата го подготвува со гласачи од Косово.

„Неизбежниот пораз кој СДСМ и Зоран Заев ќе го доживеат на 11-ти декември, го натера лидерот на СДСМ одново да го активира криминалното подземје во земјава и соседството со цел предизвикување на изборни нерегуларности  кои потоа ќе служат како алиби со кое ќе се бара поништување на изборните резултати. На социјалните мрежи кружат и информации дека се спремале лица од Косово со автобуси во недела да дојдат во Македонија и да гласаат за СДСМ“.

 

ЕДНА ФОТОГРАФИЈА НЕ Е ФАКТ

Една фотографија на Заев со извесен Наки Халими, за која не се знаат околностите во кои е направена, исто така, не е доволен факт со кој читателот треба да се убеди за подготовка на насилничко сценарио за денот на изборите. Притоа, една објава во медиум, на која текстот се повикува, не може да биде доказ дека лицето е познато по „криминалот со продажба и дистрибуција на наркотици“. И доколку навистина постои обвинение за такво нешто, тоа само по себе не значи дека истото лице ќе биде вклучено во наводно вршење на насилство на денот на изборите. Едното обвинение со другото не се подразбира. Текстот не дава одговор ниту кои се „играчите од подземјето“ на кои се повикува, а уште помалку какви криминални досиеја имаат.

„Наки Халими, фотографиран со Заев на фотографијата е добро познат по криминалот со продажба и дистрибуција на наркотици, објави вчера порталот Инфомакс. Освен Наки Халими, во „екипата“ играчи од подземјето се и голем број на лица со дебели криминални досиеа за слични или потешки кривични дела. Најпознат во низата е Закир Беќири – Чауш кој имаше направено „фабрика за афери“ во која по нарачка на Заев се печатеа лажни патни исправи и други лични документи, кои потоа блиските новинари и медиуми до СДСМ ги употребуваа во измислување на афери“.

Кога ќе се спомне, пак, името на Закир Беќири – Чауш, како некаков „играч од подземјето“, кој ќе учествувал во наводното „предизвикување изборни нерегуларности“, ваквото тврдење има проблем со актуелната реалност затоа што тоа лице не е на слобода, односно е во затвор и не е јасно како од затвор би можел да има каква било врска со изборни нерегуларности.

Текстот што го рецензираме не се темели на факти и не може да се утврди вистинитоста на изнесените тврдења. Во него не се користени ниту релевантни извори на информирање, кои за тешките обвинувања во текстот, сепак, треба да постојат. Станува збор за несеопфатен материјал кој е политички пристрасен и наменет за дискредитација на опозицијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

посредно, преку поттикнување насилство

потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести