verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозни коментари и гласини камуфлирани како вест

on 15 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #249 - 'Tahir a je ti_ Fatmir… Fazli… – Fol_mk' - fol_mk_tahir-a-je-ti-fatmir-fazl

\

Напис: Тахир, ти ли си? Фатмир… Фазли

Фотографиите се направени на основачкото собрание на најновата политичка иницијатива на „незадоволната“ тројка на ДУИ од Македонија, Фазли Велиу, Тахир Хани и Фатмир Лимани, со помош на нивните пријатели од илегалата.

Иницијативата што доаѓа во едно бесмислено време и со бесмислени цели, поради тоа што овие личности се дел од партијата на власт ДУИ, а кои на политичката сцена во Македонија се познати по послушност кон партијата и адвокатура кон нивните лични интереси, иако во приватни средби со поранешните борци на ОНА и со Албанците иселеници идеалисти, се изразуваат поинаку.

Како и да е, секој се бори за нешто, и овие тројца исто така.

Набргу ќе почнат иницијативите за формирање на структурите на оваа иницијатива, но останува нејасно колку доверба имаат кај Албанците на Македонија, кога се знае дека до вчера беа гласачи на антиалбанските политики, еднаш на СДСМ, потоа на ВМРО-ДПМНЕ!

Фазли Велиу со ЗВВ (Здружението на воени ветерани – н.з.) ОНА, ги остави на цедило најголемите јунаци на конфликтот во 2001 година и не успеа да донесе закон за поранешните борци на ОНА. Фатмир Лимани потфрли како заменик-директор на ЕЛЕМ Македонија, не успевајќи да вработи пропорционално и усвојувајќи го во 2016 година буџетот од 15 милиони евра за инвестиции во ексклузивно македонските зони. Тахир Хани, кој потфрли во заштитување и во артикулирање на интересите на Албанците во Министерството за транспорт и врски, исто така беше мирен и послушен во времето кога се правеа масовни инвестиции во проектот „Скопје 2014“.

Во продолжение можете да се запознаете со претставниците на управниот одбор, каде што недостигаат две имиња од 35 претставници кои на следната средба ќе се пополнат со делегати од Црна Гора и од Албанија. Наредени се по азбучен ред: Абаз Плана, Абдулах Абдулаху, Аднан Аслани, Афердита Дервиши, Агим Шилова, Агуш Буја, Арбен Красниќи, Бајрам Ајети, Бардул Махмути, Емруш Џемајли, Фатмир Арифи, Фатмир Лимани, Фазли Велиу, Гузимтар Лабеништи, Хидајет Хисени, Ибрахим Џемајли, Исак Бајрами, Исуф Шерифи, Линдита Хаџиу, Мустаф Шаќири, Наим Житиа, Неџат Малиќи, Реџ Ибердемај, Садик Толај, Шаќир Шаќири, Шефит Џафери, Тахир Хани, Џеват Бисмлими и Зија Јакупи!

 

[Рецензија: Тахир, ти ли си? Фатмир… Фазли]

Тенденцијата да се стигне до ексклузивните вести е секогаш присутна кај медиумите. Обезбедување на една ексклузивност се смета за голем успех во рамки на редовната работа во медиумските компании. Меѓутоа, ексклузивноста со себе носи и поголема одговорност и мора да биде придружувана и со други многу важни елементи – факти, конкретни извори, како и потврда.

 

[Recension: Tahir a je ti? Fatmir… Fazli…]Линк до оригиналниот напис: Тахир ти ли си? Фатмир…Фазли

Датум и време на објавување: 05.07.2016

Датум на рецензирање: 07.07.2016

Рецензент: Агрон Врангала

 

Овде веста поседува неколку фотографии кои зборуваат за една средба на неколку политички активисти познати на јавноста. И, доколку овие фотографии стигнале до рацете на новинарите, тогаш може да има индикации дека станува збор за некоја важна средба на овие лица. Но, во веста не е објаснето ништо релевантно. Во текстот се спомнува дека овие активисти формираат нова политичка иницијатива, како последица на нивното политичко незадоволство со актуелната партија на власт. Меѓутоа, овие податоци не ги кажува никој. Значи, имаме една толку силна констатација, всушност суштината на самата вест, која останува непоткрепена и „виси во воздух“.

Истиот ден, Фатмир Лимани, како еден од учесниците на оваа средба, потврдува за „Журнал“ дека не станува збор за регистрација на некоја нова партија, туку за основање невладина организација. Сега се поставува прашањето, што ќе ги чинеше медиумите што ја објавија веста за основање на нова иницијатива или партија, да земеа една потврда од некој од присутните во салата?!

Освен суштинската неточност на веста, каде што не се кажува вистината (бидејќи не станува збор за лапсус, туку за објавување вест во која не се кажува вистината), текстот во себе содржи и силни нијанси на коментирање. Веста во себе не треба да поседува такви коментари, ниту таква тенденциозност, која се докажува со начинот како тие се наредени овде ниту, пак, во форма на пофалби за актерите на веста.

Убаво е напишано во Прирачникот за етика во новинарството:

„Новинарите имаат право на свое мислење, став и проценка, но не смеат нивните мислења да ги камуфлираат како да се факти.“

Но, што треба да се направи по таква грешка? Според етичките стандарди, новинарите треба јавно да побараат прошка за невистините и да направат корекција, објавувајќи ја точната вест со сите нејзини елементи кои ги налага професијата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести