Енгиматичен и збунувачки наслов
Објавено во Рецензии
on 10 - 08 - 2015 Автор: Ана Анастасовска
[Рецензија: Нема веќе евтина струја]
Написот кој е предмет на оваа рецензија не содржи никаква вест во себе. Текстот е недоречен и тенденциозен и нема извори. Насловот е сензационалистички и несоодветен и има цел да предизвика што поголема читаност.
Линкуван наслов на анализираниот напис: Нема веќе евтина струја
Датум и време на објавување: 02.08.2015
Датум на рецензирање: 10.08.2015
Рецензент: Ана Анастасовска
Нема веќе евтина струја?! Сигурно многумина што го виделе овој наслов се извадиле од памет. Ќе се укинува евтината струја која сега е само навечер или, пак, цената на струјата ќе скокне до плафон. Но, не. Кога ќе ја отворите веста, ќе видите дека такво нешто не се спомнува никаде. Тогаш која е целта на веста?
„Како што анализира Евростат најскапа струја плаќаат Данците и тоа 29,8 евра за 100 киловат часови, а најевтина Бугарија со 8,7 евра за 100 киловат часови. Анализите за земјите кои не се членки на ЕУ, но претендираат да станат дел од неа покажува дека во Македонија цената на струјата е за 55% поевтина од европските, а во Србија за 47%.“
Авторот пренесува некаква анализа на Евростат за цената на струјата во европските држави, но од таквата анализа нема ниту линк, ниту, пак, е наведен извор од каде е преземена. Поради тоа, веднаш може да се доведе во прашање веродостојноста на таквата анализа. Понатаму, поврзувајќи ја ваквата штура вест со насловот, веднаш се наметнува прашањето која е целта на написот. Што сака авторот да каже? Ете, самиот напис вели дека струјата во Македонија е најевтина. На ниедно од овие прашања нема одговор.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови