verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозна и навредлива објава

on 28 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Платенички дебакл: Ни за пари нема кој да ја поддржи Катица (ФОТО)]

 

Текст без прецизни извори на информации, полн со коментари, без никаква атрибуција на неиздржаните тврдења и во кој фотографиите се употребуваат за манипулација со фактите

platenichki-debakl-ni-za-pari-nema-koj-da-ja-poddrzhi-katica-foto-republika-onlineЛинк до оригиналниот напис:Платенички дебакл: Ни за пари нема кој да ја поддржи Катица (ФОТО)

Датум на рецензирање: 27.09.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

МНОГУ ПРАШАЛНИЦИ

Насловот на објавата е видно тенденциозен. Се тврди дека демонстрантите се платени, а нема никакви докази за ваквото тврдење, нема нотирани официјални ниту, пак, неофицијални извори или атрибуција, поточно не се цитираат соговорници. Под коментаторскиот наслов имаме коментаторски текст, кој ги прозива специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, и уредничката на националниот сервис, Санта Аргирова, тврдејќи дека „се изрезилиле“, што претставува јасен обид за лична дискредитација.

Во истиот стил, фокусот се шири кон демонстрантите кои се дел од „Шарената револуција“:

„Преку изживување со граѓаните на Скопје облечени во „СЈО-маички“ тие треба да му го вратат на СЈО и на ликот Катица Јанева она што никогаш го немале – кредибилитет, углед, достоинство“. 

Кој вели дека станува збор за изживување со граѓаните? Според чии изјави или кои докази е утврдено дека граѓаните се тераат да вратат нечиј углед и која личност или институција утврди дека СЈО и Јанева никогаш немале кредибилитет, углед и достоинство? Наместо одговор на овие прашања, имаме редење на дополнителни коментари, со кои се врши напад на опозициската партија:

„Во текот на ноќта, хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос го вандализирале Основниот суд Скопје 1 каде што на Заев треба да му се суди за случајот „Пуч“, а хулиганите треба да одговараат за милионските штети кои ги направија со нивното дивеење“.

 

НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ

Повторно имаме нејасен извор на ваквите тврдења и нема презентирано докази или изјави на кои би се базирале овие коментаторски елементи. Вака конструираниот текст е во спротивност со професионалните стандарди кои укажуваат дека:

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот ( член 13 од Кодексот на новинарите).

Едностраноста на објавата во која не се обезбедени изјави од прозваните, не само што создава сомнежи за политичката пристрасност туку и креира впечаток дека текстот го оспорува правото на протест, што е во спротивност со уште еден професионален стандард:

Новинарот нема свесно да создава ниту да преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…) (член 10 од Кодексот на новинарите).

 

НАВРЕДЛИВ ТОН

Треба да се нотира и дека написот има навредлив тон и се става во улога на обвинител со тврдењето дека „хулиганите треба да одговараат за милионските штети“, што, исто така, се коси со принципите на професионалното новинарство:

Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда (член 8 од Кодексот на новинарите).

Како своевиден доказ на тврдењата за „платенички дебакл“, се презентираат неколку фотографии од ненаведен автор. Интересно е да се забележи дека водечката фотографија е направена од далечина, додека другите се во стеснети кадри. Се создава впечаток дека со фотографиите се прави обид за манипулација на фактите, во правец на илустрирање дека на собирот немало многу народ.

Сè на сè, имаме непрофесионална објава без извори на информации, без изјави и со коментари во секоја реченица, „закитени“ со неколку шпекулации.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

социјална

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести