verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текстот се „скарал“ со етичкото и објективно известување

on 25 - 09 - 2019       

[Рецензија – Али Ахмети денес ќе му даде гол на Зијадин Села во Струга : Ali Ahmeti sot do t’i shënojë një gol Ziadin Selës në Strugë]

Новинарот е должен да развива јазик на почитување спрема различностите или диверзитетот, било да се етнички, културни, религиозни или политички. Неговата комуникација со јавноста треба да биде примерна додека информирањето објективно, без емотивни нијанси што би рефлектирале пристрасност. Текстот што го рецензираме е повеќе како лично мислење со иронија и сатира и многу малку или воопшто не наликува на вест.
Fotografi nga lajmi që recensohet

Линк до оригиналниот напис: Али Ахмети денес ќе му даде гол на Зијадин Села во Струга : Ali Ahmeti sot do t’i shënojë një gol Ziadin Selës në Strugë

Датум и време на објавата: 13.09.2019, 11:20

Датум на рецензија: 23.09.2019

Рецензира: Фатљуме Дервиши

Текстот јасно ги покажува поддршката што новинарот ја дава кон едниот политички субјект и неговото омаловажување за другиот политички субјект. Во овој случај, авторот коментира дека лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ќе продолжи да постигнува голови во политиката и на претстојните избори. Од друга страна, на лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, му го дава епитетот на голманот што добива голови од Ахмети. Ова е метафора, но, сепак, е субјективна.

Лидерот на ДУИ Ахмети вчера постигна гол, најавувајќи дека ќе продолжи со головите во политиката и на претстојните избори, додека денес ќе постигне гол во Лабуништа, но голманот Села нема да може да брани, се вели во веста што ја рецензираме.

Етичкото информирање – задача на новинарството!

Етичкиот кодекс за новинарите предвидува објективен и непристрасен пристап од страна на новинарот, без оглед за кого или за што известува. Со оглед на тоа што новинарите исто така имаат свое убедување за одредени прашања  и ако новинарот реши да го вклучи својт став во неговиот текст, треба да посочи дека станува збор за личен коментар.

Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и балансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјектисе вели во Етичкиот кодекс за новинарите.

Техниките на манипулација

Текстот е изграден врз основа на лажна аналогија. Новинарот поврзува две работи кои реално се неповрзани една со друга и го користи тоа за прејудицира или за да најави нешто.

Ваквите текстови со хумористичен тон се интересни за читателите, но во  конкретниот случај се нема професионален пристап кон настанот. „Головите“ во овој случај би значеле конкретни достигнувања, но новинарот тука не ги наведува какви се тие. Еден симболичен спортски чин не може туку така да се поистовети со некоја конкретна реалната состојба.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести