verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст за броење кликнувања преку промоција на суеверие

on 16 - 02 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Вечерва земете ловоров лист и кажете го ова за да се збогатите]

 

Написот што го рецензираме ниту информира ниту, пак, третира тема што е корисна за граѓаните. Притоа, нема извор за изнесеното тврдење ниту, пак, потврда  за вистинтоста, а поводот е природна појава, како што е случајот со полната месечина. Насловот е сензационалистички заради привлекување на поголем број на читатели и кликнувања. Текстовите кои спаѓаат во категоријата занимливости, исто како и информативните, треба да ги задоволуваат новинарските стандарди и правила што важат за другите написи, без разлика што третираат забавна тематика.

lovorov listЛинк до оригиналниот напис: Вечерва земете ловоров лист и кажете го ова за да се збогатите

Датум и време на објавување: 13.02.2016

Датум на рецензирање: 15.02.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

ПАРИ, ПОЛНА МЕСЕЧИНА И ЛОВОРОВ ЛИСТ!

Богатењето е процес кој зависи од многу други околности и работи, а најмалку од растение како што е ловоровиот лист. Финансиските примања, исто така, не се поврзани ниту зависат од природни појави како што е полната месечина. Најмалку, пак, личните финансиски примања можат да се доведат во корелација со одредени церемонии кои треба да се направат со одредени предмети, како што е посочено во овој дел од текстот.

„На небото вчера блескаше полна месечина, а денеска треба да направите нешто за да се збогатите. Сѐ што треба да направите денеска е да земете лист, пенкало, тегла со капаче и седум метални парички, како и лаворов лист“.

Понатаму во текстот се опишува начинот на кој наводно можете да дојдете до „повеќе пари“. Нема издржано објаснување зошто токму ловоровиот лист е вклучен во посочената церемонија. Она што е познато за ова растение е тоа дека може да се користи во гастрономијата, во подготовка на различни јадења, но неговиот ефект врз парите, барем засега, не е познат ниту докажан.

„Напишете на лист колку пари ви се потребни, па листот ставете го во тегла во која ќе го ставите и лаворовиот лист. Потоа, во десната рака земете седум монети кои полека ќе ги спуштате во теглата“.

Текстот што го рецензираме не се темели на факти. Не може да се утврди веродостојноста на наводите и нема посочени извори од каде потекнува. Текстот не нуди никакви корисни информации за граѓаните, односно изнесените тврдења во него не се од општ јавен интерес.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

Не може да се утврди

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести