verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст во служба на политиката наместо на читателот

on 10 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

fireshot-capture-201-afrim-gashi-ende-pa-e-verifikuar-mand_-http___www-fol-mk_afrim-gashi-ende

 

Напис: Африм Гаши, со сè уште непотврден мандат, во служба на ВМРО-ДПМНЕ

В петок, значи утре, во 13 часот, ќе се конституира новиот собраниски состав со пратениците избрани на изборите од 11 декември. Од тоа што дознава порталот „Фол“, партиите уште пред да почне седницата се конфронтирале во врска со правилникот за тоа кој треба да ја води конститутивната седница. Избраниот пратеник од Движењето Беса, Африм Гаши, наместо да го одбрани правилникот за тоа кој треба да ја води конститутивната собраниска седница, тој се изјаснил дека не е важно кој ќе го води Собранието.

ДУИ веќе една недела вели дека според правилникот, седницата треба да ја води најстариот пратеник, кој е чичко Бранко изјаснет како Албанец, но на ова остро се спротивставил координаторот на ВМРО, од каде настојуваат седницата да ја води тој што ја повикал истата, значи Трајко Вељаноски. Иако правник, нему му пречи да му се спротивстави на координаторот на ВМРО, значи, Африм Гаши уште пред да му биде потврден мандатот, е во служба на ВМРО-ДПМНЕ.

Чудно, господине Африм Гаши, кога им требате на Албанците, ве мрзи, кога ве викаат Македонците, сте пронто! Со што ја заслужија ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељановски Вашата поддршка? Ние знаеме…

 

[Рецензија: Африм Гаши, со сè уште непотврден мандат, во служба на ВМРО-ДПМНЕ]

Текстот што го рецензираме е сосема тенденциозен и претставува фронтален напад врз еден поединец и една политичка партија, без да се основа на факти и на аргументи. Во него се напаѓа личниот имиџ или интегритет на еден албански пратеник за еден негов став, без да се анализира добро ставот преку факти и познавачи и политички аналитичари, туку донесувајќи заклучоци самостојно. Иако за овие заклучоци не е вложен многу труд за да се аргументираат, тие се претставени како „факти“ и „вистини“, што доаѓа во судир со основните правила и начела на професионалното новинарство.

afrim-gashi-ende-pa-e-verifikuar-mandatin-ne-sherbim-te-vmro-dpmne-se-fol-mk

 

Линк до оригиналниот напис:  Африм Гаши, со сеуште непотврден мандат, во служба на ВМРО-ДПМНЕ

Датум и време на објавување: 29/12/2016

Датум на рецензирање: 30.12.2016

Рецензент: Бенјамин Арифи

Текстот почнува како неофицијално известување од неофицијални извори за текот на првата координација на новиот собраниски состав. Потоа, дадена е перифразираната изјава на споменатиот пратеник, Африм Гаши.

Првиот пропуст е што не се цитирала неговата целосна изјава, врз која се гради текстот, ниту е прикачен некој видеозапис од оваа изјава. Со ова, им се оневозможува на читателите да создадат свој став за еден секојдневен политички настан, без да бидат попречени од толкувањата на некој друг.

Наместо ова, содржината ни донесува толкување на изјавата и констатации и обвинувања од самиот автор, кој дава свој поглед за тоа што стои зад оваа изјава.

„ДУИ веќе една недела велат дека според правилникот седницата треба да ја води најстариот пратеник, кој е чичко Бранко изјаснет како Албанец, но на ова остро се спротивставил координаторот на ВМРО, од каде настојуваат дека седницата треба да ја води тој што ја повикал истата, значи Трајко Вељаноски. Иако правник, нему му пречи да му се спротивстави на координаторот на ВМРО, значи, Африм Гаши уште пред да му биде потврден мандатот, е во служба на ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во текстот.

Во овој пасус не само што се газат начелата на Кодексот за етика на новинарите и основните начела на новинарството, туку може да претставува и причина од правна смисла за некоја евентуална постапка за клевета и за навреда.

Другиот пасус е уште понепрофесионален. Наместо информирање, се продолжува со констатации, а преку текстот, наместо да се комуницира со читателите, се комуницира во второ лице со пратеникот кон кого се насочени обвиненијата.

„Чудно, господине Африм Гаши, кога им требате на Албанците, ве мрзи, кога ве викаат Македонците сте пронто! Со што ја заслужија ВМРО-ДПМНЕ и Трајко Вељановски Вашата поддршка? Ние знаеме…“, се вели во продолжение на текстот.

Новинарството не смее да се занимава со предрасуди, обвиненија, клевети и со навреди. Должноста на новинарот е да ги претстави фактите и да го остави читателот да создаде свое мислење за содржината. Сомнежите за заднината треба да се истражат, да се претстават преку факти, како и да им се даде можност на „обвинетите“ да се изјаснат. Наместо оваа стандардна професионална постапка, овој текст направил само именувања и проценки кои не се дозволени во веста, фрлајќи навреди врз еден политички субјект.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести