verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст во кој не се „заморуваат“ со стандарди

on 8 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #274 - 'Pasuria natyrore e Strugës po shkatërrohet, turistët në ikje ndërsa Sela nuk _mërzitet__!' - www_zhurnal_mk_content__i

 

Напис: Природното богатство на Струга се уништува, туристите си заминуваат, а Села „не се замара“?!

Градот Струга бележи драстичен пад во поглед на туризмот. Туристите оваа сезона ја избегнуваат Струга. Причините за ова се многубројни, цените за престој се астрономски, а и еколошките услови се под ниво.

Поголемиот број жалби од граѓаните на општина Струга не се земаат предвид и општинските власти не се максимално посветени за отстранување на истите, како и за подобрување на условите за туристите.

Не, не се случува само во Охрид. И во Струга, тоа ѝ се случува на природата околу езерото, божем поради развојни причини. Се уништува трската, нешто што е забрането и со закон, која е филтер на езерото. Зошто? За некој да стави пари в џеб со брза постапка и така колку што може да краде, не водејќи сметка  за индината на младите генерации. Дадена им е можност да глумат дека се семоќни и над законот и според примерот на локалните власти во Охрид, ја уништуваат целата природа околу и на овој начин ги уништуваат и природните убавини. Локалните власти божем нè водат во името на граѓаните кои го дале својот глас за нив, но, Општината ги игнорира и прави сè во нејзин интерес, а не во интерес на граѓаните.

Една жителка на градот Струга за новинската aгенција „Журнал“ со голема вознемиреност изјавила дека Струга ги губи нејзините природни убавини  поради неодговорноста на градоначалникот на оваа општина, Зијадин Села. Таа вели дека за многу кратко време во Струга нема да има веќе место каде ќе може да се дише и дека туристите ќе бегаат и на овој начин ќе се намали економијата во оваа општина.

„Изгледа дека на градоначалникот на Струга му пораснала многу косата и не може да види што се случува околу него. Можеби и тој не е виновен, туку виновни сме ние што сме достигнале до таму и најмала промена да ни дава надеж дека ќе биде подобро. „Едниот, полош од другиот“, така е оваа работа. Надежта е таа што те убива. Срамота! Поради оваа ситуација набргу нема да имаме воздух за дишење, природните убавини ги уништија поради нашиот молк кој за „моќниците“ значи одобрување, а и животните, недолжни, патат. До кога ќе молчиме? До кога ќе веруваме во нивните приказни дека сме немоќни да ги сопреме оние кои божем сме ги избрале?“, изјави за „Журнал“ една жителка на Струга која сака да остане анонимна.

Прво што треба да се направи е да се подобри инфраструктурата. Треба да го следиме примерот на соседните земји каде што туризмот е видно зголемен. Во Струга, покрај слабата инфраструктура, за што туристите имаат многу жалби, и хигиената е под ниво.

 

[Рецензија: „Природното богатство на Струга се уништува, туристите си заминуваат, а Села „не се замара“?!”]

Неоснованите тврдења се штетни за професионалноста во новинарство. Сигурноста на информацијата што се пренесува зависи многу од количеството факти и докази што се нудат. Во нивно отсуство, текстот се претвора во шпекулација. Проблематичен во овој текст е и недостигот на релевантни извори и ставот на субјектите што се третирани во веста.

Zhurnal - Pasuria natyrore e Struges po shkaterrohet 1Линк до оригиналниот напис: „Природното богатство на Струга се уништува, туристите си заминуваат, а Села „не се замара“?!”

Датум и време на објавување: 29.06.2017, 10:53

Датум на рецензирање: 30.06.2016

Рецензент: Фатлуме Дервиши

Веста дека Струга „сезонава“ бележи драстичен пад на туристите не држи вода, бидејќи уште сме на самиот почеток на сезоната. Текстот има само еден извор, анонимен, што ја става под прашалник неговата автентичност. Другиот дел е коментар што нема основа во поглед на професионалните барања за една информативна содржина. Жалбите на граѓаните (мнозина) се спомнуваат, но не се пренесени.

„Градот Струга бележи драстичен пад во поглед на туризмот. Туристите оваа сезона ја избегнуваат Струга. Причините за ова се многубројни, цените за престој се астрономски, а еколошките услови се под ниво. Поголемиот број жалби од граѓаните на општина Струга не се земаат предвид и општинските власти не се максимално посветени на отстранување на истите, како и на подобрување на условите за туристите“.

Општина Струга само се спомнува како виновник за проблемот, но од локалната власт не е побарано отчет за неефикасноста (дали состојбата е таква како што се тврди од авторот). Обвиненијата се тешки, но тенденцијата да се дознае вистината, видно недостига. Фактот дека Општина Струга или нејзиниот градоначалник Зијдин Села не биле воопшто контактирани, професионално, уште повеќе ја оддалечува одговорноста од оваа институција.

„Прво што треба да се направи е да се подобри инфраструктурата. Треба да го следиме примерот на соседните земји каде што туризмот е видно зголемен. Во Струга, покрај слабата инфраструктура за што туристите имаат многу жалби, и хигиената е под ниво“.

Во Кодексот на новинарите на Македонија пишува:

  • Докажувањето и точноста на податоците се морален императив на новинарството, затоа новинарот е обврзан да ја докаже информацијата од што повеќе извори, најмалку од два независни извори.

  • Новинарот треба да ја обезбеди втората „страна”, односно да им даде можност на двете засегнати страни на новинарскиот производ да го изразат нивниот став. Ова уште повеќе доаѓа до израз кога новинарот изразува сомнежи или обвиненија или кога некој е предмет на напад или критика.

  • Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

Најмалку што авторот можел да им понуди на читателите би биле фотографиите, со кои би се докажало дека се уништува природното богатство на Струга, како што се тврди. Всушност, текстот е придружен од три фотографии што немаат врска со ова. Останува многу нејасно за што се употребени и кој е нивниот автор. Фотографиите дури и не се спомнуваат никаде во текстот. „Спас“ за авторот, што барем би ги оправдал тврдењата за жалбите на граѓаните, би можела да биде една анкета со граѓаните на улица, што не е реализирана.

Лесно е да се констатира дека текстот е тенденциозен, основан само на лични коментари и со недоволни докази за да го убеди читателот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни,

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести