verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст стар две години пласиран како нов

on 27 - 11 - 2019       

[Рецензија: Лани во Македонија влегле 1.140 контејнери со странски отпад? ]

Овој текст се повикува на материјал кој е всушност стар, односно објавен на 23 март 2017 година во „Фокус“ со идентичен наслов, а тука се прикажува како да е нов напис. По реобјавувањето на текстот реагираше заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, кој на неговиот фејсбук-профил ја демантираше информацијата.

Линк до оригиналниот напис: Лани во Македонија влегле 1.140 контејнери со странски отпад?

Датум и време на објавување: 22.11.2019

Датум на рецензирање: 25.11.2019

Рецензент: Силвана Жежова

Додека македонските граѓани се гушат од енормното загадување, на површина исплива афера, која безмалку ја става Македонија во друштвото на европската еко- мафија. Се дозна дека во депонијата Дрисла требало да стигне странски отпад, спакуван во 1.300 контејнера, кои за среќа исчезнаа некаде по пат, во Албанија.

Во текстот нема потврда за тоа дека, наводно, „во депонијата Дрисла требало да стигне странски отпад“. Оригиналниот напис, пак, на кој се повикува текстот што го рецензираме, е од 2017 година и случајот што го третира се однесува на 2016 година. А, од овој материјал објавен на порталот „Скопје инфо“ читателот добива впечаток дека информацијата за странскиот отпад е „тазе“. Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Макрадули  го демантираше ова тврдење со официјален документ од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), во кој се вели дека Дрисла нема дозвола да врши увоз на отпад.

Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија нема издадено дозвола ниту согласност за увоз на отпад на правниот субјект ДДКО Дрисла- Скопје ДОО,  се вели во документот архивиран на 22 март 2019 година.

Според Макрадули „ова е уште еден од серијата на лажни текстови, објавени фотографии од претходни години, а некои од нив преземени и од други држави.“

Ваквите обиди за ширење на лажни информации само создаваат паника кај граѓаните, но не помагаат во решавањето на проблемот кој нѐ засега сите, вели Макрадули.

Текстот што е предмет на оваа  рецензија ја манипулира јавноста со реобјавувањето на „бајат“ текст, прикажувајќи го како актуелен. Дополнително, овој напис е и површен. Во него само бегло е прикажана темата која е целосно објавена во печатеното издание на „Фокус“ пред две години, па, читателот нема увид во изнесените податоците. Обвинувањата за „увезениот отпад“ се паушални и нејасно е каде завршил тој отпад?!

Написот без да понуди никакви докази тврди дека 1.300 контејнери со странски отпад  „исчезнаа некаде по пат, во Албанија“, ама не посочува каде конкретно. Но, затоа употребува една смешна формулација „за среќа изсчезнаа во Албанија“, демек ние овде се спасивме, а тие таму нека се трујат! Што е сосема несоодветно за еден одговорен новинарски пристап, а делува дури и ступидно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести