verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Tекст со коментари може да стане „нелегитимен“

on 16 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #248 - 'Ahmetit i kaloi inati, Ivanovin “jolegjitim” e quan “president” – LAJM' - lajmpress_com_ahmetit-i-kaloi-inati-ivanovin

Напис: На Ахмети му помина инаетот, „нелегитимниот“ Иванов го нарекува „претседател“

„Лајм“ никогаш не сметал дека ДУИ е сериозна во декларативното барање за „консензуален претседател“ промовирано на претседателските избори од 2014 година, меѓутоа такво нешто полека го потврдува и самиот претседател на ДУИ. Ние уште на почетокот ги поддржувавме и ги промовиравме ставовите на многу албански и македонски интелектуалци, тврдевме дека идејата на ДУИ и на Ахмети за „консензуален претседател“ има единствена цел – да ги спречи Албанците да гласаат против Иванов, и ова полека излегува на видело. Во објавеното интервју денеска на БИРН, Ахмети го нарекува Иванов претседател (различен термин од досегашниот „нелегитимен претседател“, потврдувајќи дека не залудно Талат Џафери учествува во седниците на Советот за безбедност кај Иванов.)

„По аболицијата од страна на претседателот Иванов седнавме со меѓународните претставници и со ВМРО-ДПМНЕ и му кажавме на Груевски дека ДУИ нема да учествува на изборите од 5 јуни, бидејќи нашата партија не сака да учествува на избори кои се оспорени од страна на меѓународната заедница“, изјави Ахмети.

Имаме впечаток дека преку ова интервју Ахмети, сепак, апелирал до Албанците да не го гласаат него и ДУИ, особено во делот кога зборува за Кумановскиот конфликт. Во врска со овој случај, Ахмети вели дека кога разбрал што се случило, било доцна, а општо е познато дека гласовите на граѓаните не ги заслужува еден политичар што доцна дознава за настани и за инциденти каде што страдаат негови пријатели и гласачи.

Инаку, како и во многу други интервјуа, и во интервјуто за БИРН Ахмети има многу гафови, кои нема да ги анализираме едно по едно, бидејќи читателите ќе помислат дека „Лајм“ има некоја забелешка кон ДУИ или Ахмети. Што се однесува до „Лајм“ Али Ахмети уште 100 години да остане на власт не ни пречи, бидејќи да не беше тој и ДУИ, за какви гафови и скандали ќе пишувавме тогаш?

 

[Рецензија: На Ахмети му помина инаетот, „нелегитимниот“ Иванов го нарекува „претседател“]

Политичарите треба да се „фатат за збор“. Всушност, нам, на новинарите, ова ни е работа. Да ги следиме политичарите кога го газат својот јавно кажан збор, но во соодветна мерка. Зависно од јавниот интерес, ние треба да стоиме зад нив за да ги контролираме и да ги потсетиме на тоа што рекле и што изјавуваат сега. Текстот што го рецензираме се обидел да ја почитува оваа практика, но е „посолен“ со многу коментари, симнувајќи ја вака и важноста на веста.

Ahmetit i kaloi inati Ivanovin “jolegjitim” e quan “president” – LAJM

 

Линк до оригиналниот напис: На Ахмети му помина инаетот, „нелегитимниот“ Иванов го нарекува „претседател“

Датум и време на објавување: 03.06.2016, 15:31

Датум на рецензирање: 08.06.2016

Рецензент: Ферикан Илјази

Појдовна точка за овој текст било учеството на еден од членовите на раководството на ДУИ во седницата на Советот за безбедност на претседателот, како и терминот „претседател“ што го употребил лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во едно интервју. Според авторот, овие два елементи докажуваат дека албанската партија на власт имала цел само да ги спречи Албанците да гласаат против Ѓорге Иванов.

„’Лајм’ никогаш не сметал дека ДУИ е сериозна во декларативното барање за „консензуален претседател“ промовирано на претседателските избори од 2014 година, меѓутоа такво нешто полека го потврдува и самиот претседател на ДУИ. Ние, уште на почетокот ги поддржувавме и ги промовиравме ставовите на многу албански и македонски интелектуалци, дека идејата на ДУИ и на Ахмети за „консензуален претседател“ има единствена цел – да ги спречи Албанците да гласаат против Иванов, и ова полека излегува на видело. Во објавеното интервју денеска на БИРН, Ахмети го нарекува Иванов претседател (различен термин од досегашниот „нелегитимен претседател“, потврдувајќи дека не залудно Талат Џафери учествува во седниците на Советот за безбедност кај Иванов.)“ 

 

Коментарите продолжуваат и понатаму. Како да е едиторијал, колумна или мислење, се коментира секој кажан збор од Ахмети, без да се открие некоја информација, извор или дополнителен доказ за тоа што се зборува.

 

„Имаме впечаток дека преку ова интервју Ахмети сепак апелирал до Албанците да не го гласаат него и ДУИ, особено во делот кога зборува за Кумановскиот конфликт. Во врска со овој случај, Ахмети вели дека кога разбрал што се случило било доцна, а општо е познато дека гласовите на граѓаните не ги заслужува еден политичар што доцна дознава за настани и за инциденти каде што страдаат негови пријатели и гласачи.“

Авторот преминал малку на хумор, што не штети никому.

„Инаку, како и во многу други интервјуа, и во интервјуто за БИРН Ахмети има многу гафови, кои нема да ги анализираме едно по едно, бидејќи читателите ќе помислат дека „Лајм“ има некоја забелешка кон ДУИ или Ахмети. Што се однесува до „Лајм“, Али Ахмети уште 100 години да остане на власт не ни пречи, бидејќи да не беше тој и ДУИ, за какви гафови и скандали ќе пишувавме тогаш?“

Да беше напишан овој текст под други околности или во друга рубрика, ќе имаше многу повеќе тежина. Но, во оваа форма и во рубрика за вести, не држи вода. Независно од фактот дека можеби идејата на авторот била почиста и појасна отколку што се гледа на екран, тој можел да направи повеќе. Со малку труд, би се постигнала целта да се потсети дека Али Ахмети не го почитувал својот збор, преку цитирање на неколку поранешни изјави, интервјуирање на неколку политички аналитичари во овој момент или вршење на некоја анкета со граѓаните, но не со пренесување на некои мислења од интелектуалци што којзнае кога ги рекле и, секако, не со коментари во информативна рубрика и содржина. Сето ова придонесува да се загуби тежината на инвестираниот труд и на веста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести