verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст што сокрива детали и ја тера водата на една воденица

on 16 - 01 - 2017       

 

Vecer za mandatar

[Рецензија: Уставот е јасен: Ако Груевски не формира влада,­ ќе има нови избори]

 

Компликувањето на ситуацијата со составување коалиција која би обезбедила потребно мнозинство за да добие „изим“ од претседателот на државата Иванов, односно за да излезе „на мегдан“ во Собранието, создава некаква политичка нервоза на која не одолеваат ниту медиумите. Кај некои од нив таа се открива полесно, особено ако при тоа се креирани „факти“ кои се обидуваат да направат конфузија во теоријата и во практиката на парламентаризмот. Текстот што го анализираме е еден од тие. Зошто?

 

FireShot Capture 38 - Уставот е јасен_vecerЛинк до оригиналниот напис: Уставот е јасен: Ако Груевски не формира влада – ќе има нови избори

Датум и време на објавување: 11.01.2017 ­ 17:45

Датум на рецензирање: 13.01.2017

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ДА НЕ СПОМЕНУВАМЕ ВТОР МАНДАТАР

„Професорката Тања Каракамишева  Јовановска, од Институтот за уставно право и политички систем, вели дека оние кои зацртуваат ’втор мандатар’ всушност проповедаат флагрантно кршење на највисокиот правен акт во државата. ­Ако и по истекот на рокот од 20 дена, мандатарот не успее да состави влада, истиот треба да го врати на претседателот на Републиката, а тој повторно да му го довери на истиот мандатар. Со ваквата позиција Уставот не оставил простор да се заобиколи изборниот победник. Токму затоа во Уставот не е регулирана резервна постапка или резервен мандатар кој би се определил ако првиот мандатар не успее да состави влада во рокот од 20 дена ­ вели професорката во изјава за ’Вечер“.

И од овој извадок од текстот видлива е интенцијата да не се отвора простор за постоење на повеќе од еден мандатар во постизборниот период, што, секако, е своевидно правно силување. Вистина е дека авторите на написот уште во наднасловот споменуваат повеќе правни експерти („Експертите за постизборните комбинаторики“), но тука непотребно се користи множината како форма, освен што во себе крие трик да поверуваме дека зад комбинацијата „или еден мандатар или нови избори“ има некаков стручен плебисцит.

Тука не е потребно читателот да биде многу внимателен за да се сфати дека зад таквото решение во текстот стои само професорката Тања Каракамишева-Јовановска и ниту едно друго стручно име! Како е можно за вака навидум едноставна правна дилема да не може да се добијат барем уште еден или два стручњаци? Впрочем, тоа е сериозно прашање, особено во мигот кога две политички партии имаат речиси изедначен изборен резултат! Не може да се побегне од можните одговори од каде е тој дефицит на експерти по оваа тема – или никој не може да го потврди она што го вели Каракамишева или експертите не сакаат ниту да влегуваат во таква расправа воопшто.

 

ДОЗВОЛЕНО Е СÈ ШТО НЕ Е ЗАБРАНЕТО

Во правото има едно правило – дозволено е сè што не е изрично забрането. Во овој случај, со бројот на мандатари, немаме таква забрана, односно рестрикција од каков било вид. Уставот, да се потсетиме, говори за мнозинство на пратеници како единствена релевантен показател на моќта да се формира влада, значи претпочита коалициони капацитети, а не победа на избори.

Во нашата практика веќе имаме еден случај кога еден мандатар одбива да го земе мандатот (Петар Гошев) и претседателот на Републиката истиот го дава на друг и тоа никој не го прогласи за неуставно иако и тогаш, секако, имаше правни експерти од оваа област и можеа да го побараат тоа. Во светот тоа решение е нормално и постојано се користи – не е интенцијата на изборите да форсираат една партија, туку да се добие влада која лесно ќе носи закони во парламентот, односно, во нашиот случај, тоа се партиите кои би обезбедиле заедно барем 61 пратеник.

Во текстот се цитира и лидерот на ДУИ како вели дека е логично неговата партија да почне преговори со ВМРО-ДПМНЕ, но многу срамежливо се споменува дека Ахмети говори за изборни комбинаторики и дека ги има дури четири, а во нив партијата на Груевски како фактор се појавува само во една!

Практично, имаме најмалку два јасни обиди во еден релативно поголем текст да се измами читателот за една наводна правна дилема, бидејќи, земјава има барем дузина правни факултети и многу професори, доценти и асистенти во нив. Некои од нив доста јасно се произнесоа сосема поинаку во однос на дилемата од Каракамишева, а новинарите тоа можеле барем да го споменат.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни,

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

има редуцирани информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести