verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст полн со навреди и со говор на омраза

on 7 - 10 - 2015       

ШИЛЕЖЕ-НЕРВОЗА-А-Шилегов-iNFOMAXmk-crop-resize

 

[Рецензија: ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА, А?! Шилегов покажа и докажа дека е тешка “сељачина”, но и дека е нервозен и исплашен!]

 

Ова на сè личи освен на новинарски текст. Написот, освен навреди и дисквалификации, не содржи ништо друго.

ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА  А   Шилегов покажа и докажа дека е тешка  сељачина   но и дека е нервозен и исплашен    iNFOMAX.mkЛинкуван наслов на анализираниот напис: ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА, А?! Шилегов покажа и докажа дека е тешка “сељачина”, но и дека е нервозен и исплашен!  

Датум и време на објавување: 30.09.2015

Датум на рецензирање: 06.10.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

ШИЛЕЖЕ НЕРВОЗА, А?! Шилегов покажа и докажа дека е тешка “сељачина”, но и дека е нервозен и исплашен!

Што да се каже за текст кој почнува со ваков наслов! Уште од почеток на читателот му станува јасно дека авторот на овој напис има цел да го навреди и да го омаловажи портпаролот и пратеник на СДСМ, Петре Шилегов, а не да пренесе вест од собраниска седница.

„Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица Васил Пишев денес на говорницата во Собранието на Р.Македонија, изнесе неколку десетици факти и документи за милинскиот грабеж на општина Струмица од страна на Заев и неговото семејство, вклучително братот Вицето, снашката, братучедот, пријателите, татко му и кој ли уште не.“

Пратеникот Пишев изнел факти и документи?! Од каде му на авторот право да тврди дека тоа се факти и релевантни документи? Дали тие факти и документи за наводен грабеж на општина Струмица од страна на Заев се приложени до некој суд и дали евентуално постои потврдна судска одлука во врска со наводниот грабеж? Ако одговорот на овие прашања е „да“, тогаш може да се тврди дека станува збор за факти. Ако постои судска одлука, тоа треба да се објави, па потоа да се тврди дека станува збор за релевантни докази.

Во спротивно, тоа е манипулација. Имено, секој има право да приложи некакви документи, но точноста на изнесеното во нив се знае како се потврдува. За тоа постои судски систем во државата. Пратениците не се судии. А, уште помалку новинарите треба да изигруваат судии.

„Овие документи створија нервоза и паника во редовите на соросписките Социјалдемократи, па така Шилегов во нервозата и паниката реши арогантно и “сељачки” да дели правда во Домот на Демократијата.“

Ова е класичен пример за текст полн со навреди, дискредитација и, најлошо од сè, говор на омраза. Со ова, авторот го прекршил членот 10 од Кодексот на новинари кој гласи:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…)

Што друго може да се каже освен дека е страшно тоа што во последно време некои веб-страници изобилуваат со вакви текстови кои шират говор на омраза и што истите се претставуваат како новинарски и на тој начин манипулираат со јавноста.

Говорот на омраза е кривично дело во Република Македонија. Од февруари 2014 година, во Република Македонија стапија на сила нови законски одредби од Кривичниот законик кои забрануваат и казнуваат говор на омраза и ширење материјали преку интернет кои промовираат или поттикнуваат омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз која било дискриминаторска основа.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести