verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој погрешно го информира читателот

on 30 - 12 - 2016       

vecer

[Рецензија: Македонец ќе оди во затвор оти го навредил Ердоган на Фејсбук!?]

 

Текстот што го рецензираме во целина е добро напишан, но она што му е недостаток е погрешната информација што ја дава во последната реченица. Написот најверојатно е преземен и притоа можеби е направена ненамерна грешка.

makedonec-kje-odi-vo-zatvor-oti-go-navredil-erdogan-na-fejsbuk-vecherЛинк до оригиналниот написМакедонец ќе оди во затвор оти го навредил Ердоган на Фејсбук!?

Датум и време на објавување: 28.12.2016

Датум на рецензирање: 30.12.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НЕТОЧНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот информира за барањето на турската амбасада во Скопје, македонското јавно обвинителство да отвори предмет против државјанин на Македонија, кој воедно е и турски државјанин, затоа што на социјалните мрежи пишувал недолични работи со кои ја навредил Република Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Турската амбасада во Македонија бара основното обвинителство во земјава да поднесе кривична пријава против лицето Е. А. поради искажани навреди против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“.

Написот, пренесувајќи го соопштението на турската амбасада, ја цитира агенцијата „Анадолија“.

„Уверени сме дека лицето ќе ја добие заслужената казна. Оваа тужба е поднесена до вас со цел да ги предупредиме оние непромислени кои отсега натаму би направиле нешто слично – се вели во соопштението на амбасадата, а пренесува Анадолија“.

Она што боде в очи во овој текст е информацијата во последната реченица.

„Осомничениот македонски државјанин напишал дека никогаш не би го послужил Ердоган со чај“.

Ова е погрешна информација. Доколку се погледне оригиналната вест на агенцијата „Анадолија“, ќе се види дека во неа никаде не се спомнува такво нешто. Никаде не е наведено што пишувал осомничениот на социјалните мрежи и на кој начин го навредил турскиот претседател.

Написот најверојатно е преземен од „Утрински весник“, каде се спомнува случај во Турција во кој неодамна бил уапсен угостител кој изјавил дека доколку Ердоган дојде во неговиот локал, не би го послужил со чај.

„Оваа информација што денеска ја пренесе турската агенција Анадолија се совпадна со веста дека угостител во Турција бил уапсен, бидејќи изјавил дека ако дојде Ердоган нема да го послужи со чај, случај што го пренесе цел свет како куриозитетна вест“. 

Според тоа, може да се заклучи дека написот што го рецензираме содржи погрешна информација која можеби е и ненамерна грешка. Проблемот е и во тоа што не се посочени линкови до оригиналната вест, за да може читателот сам да ја увиди грешката.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

лажни информации

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести