verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст кој наместо да информира, ја замајува јавноста

on 14 - 10 - 2016       

 

kurir

[Рецензија: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи]

 

Овој текст е класичен пример за спин. Се повикува на соопштението од владејачката партија и на анонимни извори и ја турка приказната дека СДСМ, наводно, сака да ги одложи изборите закажани за 11 декември 2016 година, што нема никаква врска со фактите.

http___kurir-mk_makedonija_vesti_sЛинк до оригиналниот напис: СДСМ се плаши од избори и бара начин да ги одложи

Датум и време на објавување: 12.10.2016

Датум на рецензирање: 14.10.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

НИТУ ЗБОР ЗА ПРЕДЛОГОТ НА СДСМ

„Фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ за распуштање на Собранието предизвика паника во СДСМ. Најголемата опозициска партија исплашена од соочување со волјата на народот очајно бара начин да ги одложи изборите закажани за 11-ти декември“.

Уште на почетокот од текстот ударно се најавува тезата на написот, иако подолу нема никакви аргументи што одат во прилог на таквото тврдење. Имено, на читателот му се формира слика дека опозицискиот СДСМ бега од изборното соочување најавено за 11 декември. Но, во текстот не се спомнува дека најголемата опозициска партија до Собранието поднесе предлог за негово распуштање. Се пренесува само реакцијата на владејачката партија, која, пак, стигна откако СДСМ ја поднесе иницијативата.

„Барањето на СДСМ го прифаќаме и очекуваме дека овој пат Зоран Заев нема да се обидува да измислува причини за повторно да избега од избори. ВМРО ДПМНЕ предлага Собранието на Република Македонија уште денеска, во 17.00 часот,  да закаже седница на која што прва точка ќе биде донесување на Буџетот за 2017 година, со што ќе се гарантира редовна исплата на плати, пензии, социјална помош и подмирување на другите потреби на граѓаните. Втора точка, која во целост ќе ја поддржиме, предлагаме да биде донесување на одлуката за распуштање на Собранието и за неа да се расправа во 19.00 часот, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ“.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ е наведено условување, дека пратениците од СДСМ мора да гарантираат изгласување на предлог-буџетот за 2017 година пред да се распушти Собранието. Но, тоа во написот не е нотирано како условување од страна на владејачката партија, туку како нешто што се подразбира.

 

МАНИПУЛАЦИЈА

Подолу во текстот, се манипулира дека опозицијата ќе направела сè за да го блокира изгласувањето на буџетот и на тој начин ќе ги одложела изборите.

„Ваквиот повик од ВМРО-ДПМНЕ предизвика паника во опозициските редови, која според информациите резултирала со свикување на итна координација на која се барало начин за ново одложување на изборите, а еден од нив било блокирање на Буџетот за 2017-та година“. 

Ова, исто така, е невистина, бидејќи законски, опозицијата нема можност да го блокира донесувањето на буџетот. Според собранискиот деловник, бидејќи буџетот е поднесен по скратена постапка, пратениците имаат право на максимум пет дена дебата за него, односно од 17 октомври, кога е закажана пленарна седница, до 22 октомври. Дури и да се дебатира пет дена, би се запазил законскиот рок за распуштање на Собранието, кој е до 27 октомври, за да може да се одржат изборите на 11 декември.

Текстот, очигледно, е политички мотивиран и има цел да ја замајува јавноста, а не објективно да ја информира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести