Archives

Чуму расчепкување на веќе апсолвирано прашање?

на 14. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Скандали се нижат во СЈО: Граѓаните и експертите сметаат дека Јанева и соработниците за неработа земаат огромни плати]

Текстот што е предмет на рецензијава ги третира платите на специјалните јавни обвинители, што е веќе апсолвирано прашање, бидејќи Собранието го изгласа и го одобри буџетот на Специјалното јавно обвинителство на 27 јануари годинава. Кога со 64 гласа „за“ и со еден „воздржан“ пратениците го усвоија предложениот буџет и ова прашање е решено на институционално ниво, останува да виси во воздух мислењето на граѓаните… Текстот ја „анализира“ платата на специјалните јавни обвинители само од аспект на бројка, за да прикаже дека тоа е превисока сума за институција која „ништо не работи“.     Линк до оригиналниот напис: Скандали се нижат

Нова параноична епизода од политичките хајки

на 13. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ]

  Не треба да се оди подалеку во анализата од насловот и поднасловот, „Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ“, „СДСМ и Катица Јанева започнаа отворање на ново поглавје во политичките хајки во режија на специјалното јавно обвинителство“, за да се увиди дека под нив ќе следува текст – своевиден параноичен напад на оваа институција. Притоа, во написот не се почитуваат основните стандарди во новинарството: вистинитост, пишување факти, повикување на извори, проценка за јавниот интерес за ваков текст…   Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување:

Новинарски текст „дебело“ обоен со шпекулации и со манипулации

на 6. 04. 2016 | |
[Рецензија: СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми] Како да веруваме во вистинитоста на тоа што е објавено во форма на новинарски производ, кога во текстот, непотпишан од авторот, на седум места се повторува дека констатациите се врз основа на: шпекулации, зборување во кулоари, чаршиски муабети, сомнежи… Притоа, како „извор на факти“ се посочува сроден текст објавен истиот ден во друг медиум. Насловот на рецензираниот текст, „СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми“, е шпекулативен и тенденциозен со намера Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се обвини за исплата на високи хонорари, но и нејасен, бидејќи никаде во текстот нема објаснување за наводите, односно од