Archives

Новинарски текст „дебело“ обоен со шпекулации и со манипулации

на 6. 04. 2016 | |
[Рецензија: СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми] Како да веруваме во вистинитоста на тоа што е објавено во форма на новинарски производ, кога во текстот, непотпишан од авторот, на седум места се повторува дека констатациите се врз основа на: шпекулации, зборување во кулоари, чаршиски муабети, сомнежи… Притоа, како „извор на факти“ се посочува сроден текст објавен истиот ден во друг медиум. Насловот на рецензираниот текст, „СЈО плаќа експерти со пари од граѓаните за да ја бранат Јанева по медиуми“, е шпекулативен и тенденциозен со намера Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да се обвини за исплата на високи хонорари, но и нејасен, бидејќи никаде во текстот нема објаснување за наводите, односно од