Archives

Приказна која неаргументирано се подгрева

на 7. 04. 2016 | |
[Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него] Овој напис воопшто не се труди да биде вистинит. Речиси целиот е пристрасен и професионално некоректен. Навивачките елементи се присутни од почетокот до крајот на текстот. Линк до оригиналниот напис: Спасовски го прикрива незаконското работење на командантот на Алфите поставен од него Датум и време на објавување: 4.04.2016, 21:09 Датум на рецензирање: 07.04.2016 Рецензент: Владо Ѓорчев  

НАПИШАНО, А НЕПРОВЕРЕНО

„МВР, засега, чува во тајност дали новоназначениот командант на единицата „Aлфи“ Примислав Димовски, постапил спротивно на процедурите, ослободувајќи  приведено лице, кое „Aлфите“ го уапсиле бидејќи кај него пронашле нож.“

Во овој текст, особено во посочениот пасус, гледаме непочитување на правилата на новинарската работа за проверување на фактите. А