Archives

Нова параноична епизода од политичките хајки

на 13. 06. 2016 | |
 

[Рецензија: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ]

  Не треба да се оди подалеку во анализата од насловот и поднасловот, „Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ“, „СДСМ и Катица Јанева започнаа отворање на ново поглавје во политичките хајки во режија на специјалното јавно обвинителство“, за да се увиди дека под нив ќе следува текст – своевиден параноичен напад на оваа институција. Притоа, во написот не се почитуваат основните стандарди во новинарството: вистинитост, пишување факти, повикување на извори, проценка за јавниот интерес за ваков текст…   Линк до оригиналниот напис: Катица Јанева по налог на СДСМ продолжува со политичките хајки против ВМРО-ДПМНЕ Датум и време на објавување:

Нова клапа по старото сценарио

на 9. 06. 2016 | |
 
[Рецензија: Почнува изградбата на експресните патишта, се реконструираат 200 километри регионални патни правци]
Рецензираме популистички и фалбаџиски текст со кој треба да се подигне имиџот на партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и да се претстави како „премиер“. Прилогот повеќе личи на рекламен документарец во кој  Груевски и понатаму пред народот глуми премиер, објаснува, раскажува и прима рапорт од членовите на Владата за изградба на новите патишта низ земјава. Згора на тоа, и веста и насловот се бајати и во нив нема ништо ново, бидејќи Груевски од 31 декември минатата година, кога ја претстави партиската програма за наредната година, во меѓувреме работите изнесени во текстот ги повтори уште најмалку дваесетина пати, зборувајќи за изградба на експресни патишта низ државата.