Archives

Нова клапа по старото сценарио

на 9. 06. 2016 | |
 
[Рецензија: Почнува изградбата на експресните патишта, се реконструираат 200 километри регионални патни правци]
Рецензираме популистички и фалбаџиски текст со кој треба да се подигне имиџот на партискиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и да се претстави како „премиер“. Прилогот повеќе личи на рекламен документарец во кој  Груевски и понатаму пред народот глуми премиер, објаснува, раскажува и прима рапорт од членовите на Владата за изградба на новите патишта низ земјава. Згора на тоа, и веста и насловот се бајати и во нив нема ништо ново, бидејќи Груевски од 31 декември минатата година, кога ја претстави партиската програма за наредната година, во меѓувреме работите изнесени во текстот ги повтори уште најмалку дваесетина пати, зборувајќи за изградба на експресни патишта низ државата.