Archives

Како до добро интервју?

на 21. 05. 2013 | |
Пишува Ѕвездан Георгиевски Текстот е достапен и на албански јазик: Si deri te intervista e mirë? Фотографија: Ethan Lofton Во новинарските кругови обично владее убедувањето дека интервјуто е најлесна новинарска форма. Имено, сè зависи од интервјуираниот. Новинарот може да има и најумни прашања на овој свет, ако соговорникот е индиспониран или, едноставно, нема што да каже, тогаш резултатот е – лошо интервју. И обратно, ако интервјуираниот е умен, елоквентен и има квалитетни одговори, тогаш новинарот може да постави и најглупави прашања, а сепак да добие – квалитетен производ. Ова правило, наводно, најмногу се однесува на таканаречените пишани интервјуа, односно оние што излегуваат во печатените медиуми.