Archives

Сечење, лепење и монтирање изјави

на 8. 04. 2016 | |
[Рецензија: Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат]   Кодексот на новинарите на Македонија во основните принципи на однесување предупредува дека новинарот треба да го почитува плурализмот на идеи и на ставови, а во првиот член вели дека треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Зошто текстот што го рецензираме почнува со одредбите на Кодексот, кои обично ги ставаме на крајот? Затоа што овој текст е груба манипулација со интервјуто со амбасадорот на САД, Џес Бејли, и на амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав, пред сè во насловот „Бејли и Орав: Изборите на 5 – ти јуни ќе се одржат“. Ако се спореди напишаното и она што

Како до добро интервју?

на 21. 05. 2013 | |
Пишува Ѕвездан Георгиевски Текстот е достапен и на албански јазик: Si deri te intervista e mirë? Фотографија: Ethan Lofton Во новинарските кругови обично владее убедувањето дека интервјуто е најлесна новинарска форма. Имено, сè зависи од интервјуираниот. Новинарот може да има и најумни прашања на овој свет, ако соговорникот е индиспониран или, едноставно, нема што да каже, тогаш резултатот е – лошо интервју. И обратно, ако интервјуираниот е умен, елоквентен и има квалитетни одговори, тогаш новинарот може да постави и најглупави прашања, а сепак да добие – квалитетен производ. Ова правило, наводно, најмногу се однесува на таканаречените пишани интервјуа, односно оние што излегуваат во печатените медиуми.