verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Светиот „фотошоп“

on 20 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Чудна-небесна-светлина-над-македонското-знаме-во-Делчево-Delcevo-Global-Online-crop-resize

 

[Рецензија: Чудна небесна светлина над македонското знаме во Делчево]

 

Знамето свети како неонка, ама никој не го забележува – бруки! Дозволено е сами да си донесете заклучоци за ваквиот феномен, но во случај да не сте сигурни, дозволете авторот да ви помогне: По сè изгледа Господ Бог е над Македонија и со Македонците. Кој знае, ако јарболот и знамето продолжат вака интензивно да светат, можеби Делчево ќе заштеди на сметки за електрична енергија.

Чудна небесна светлина над македонското знаме во Делчево   Delcevo Global OnlineНаслов на анализираниот написЧудна небесна светлина над македонското знаме во Делчево

Датум и време на објавување: 12-5-2015

Датум на рецензирање: 17-5-2015

Рецензент: Александар Пешев

Рационален читател би се прашал – ако навистина има толку интензивна светлина во опкружувањето на демонстрантите, тогаш зошто никој се нема свртено кон изворот на, како што се тврди, неверојатниот природен феномен? На приложената фотографија, насобраните или не забележале или веќе не им е интересно јарболи со знамиња да светат сред бел ден на сончево време. Но, морам да завршам со рецензијава, бидејќи за мене знаме да свети како неонка не е мала работа …

Авторот на написот остава на читателите да донесат свој личен заклучок за што станува збор. Хм… „фотошоп“? Или некоја поевтина програма за ретуширање фотографии? Единствениот феномен со кој сме соочени во ваквата објава е изолирано чудо. Поточно, имаме текст кој не се темели на факти. Доколку навистина се има појавено натприродна светлина, би се очекувало поплава на социјалните мрежи од фотографии од очевидци или учесници на маршот. Чудото изгледа останало во очите или на комјутерскиот екран на авторот на објавата. Може само да се шпекулира околу мотивите за ваков текст, кој не само што може да се класифицира како спин, туку класична дезинформација. Оттука, очигледен е обидот за глорификување на група демонстранти. Или тоа, или авторот си го има муабетот со горниот:

„По се изгледа Господ Бог е над Македонија и со Македонците“

Поентата на ваквата претпоставка? Етноцентризам? Национализам? Прикриена омраза или негодување кон припадници на другите етнички групи во Македонија? Во секој случај, имаме напис кој не смее да се нарече новинарска објава, а единственото чудо е што ова нашло простор во медиум. Тоа што текстот е ставен во занимливости, не помага за правдање на… наводната божественост.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести