verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Свети Сава среќа „дава“!

on 1 - 02 - 2016       

 

http___www.press24.mk_deneska-e-go 11

 [Денеска е голем празник: Ако го направите ова ќе ве следи несреќа!]

Насловот на овој текст има интенција да го привлече вниманието на читателот за да се „информира“ што (не) треба да прави за да избегне несреќа на верски празник?! Од друга страна, тој воопшто и не кажува за кој празник станува збор. Содржинскиот дел на написот, пак, не дава одговори за некаква повразност на посочениот празник со личната (не)среќа на читателот.

http___www.press24.mk_deneska-e-goЛинк до оригиналниот наслов: Денеска е голем празник: Ако го направите ова ќе ве следи несреќа!

Датум и време на објавување: 27.1.2016

Датум на рецензија: 29.1.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

КАКВА „НЕСРЕЌА“ ОД НАПИС!

Во текстот нема никаква потврда за наводите дека ако на овој ден се прават одредени  активности во домаќинството, истите ќе донесат несреќа.

„Кај народот постои верување дека денеска не смее да се носи ништо црвено. Исто така, денеска не треба да се острат ножеви или било кој друг ваков алат од домќинството, бидејќи тоа ќе донесе несреќа. Се верува и дека ако на овој ден грми, цела години ќе биде несреќна, бидејќи и онака грмежите се ретка појава во зима.“

Личната среќа е индивидуална и релативна состојба и нема докази дека постои некаква врска меѓу среќата и верските празници. Патем,  празникот Свети Сава, кој во насловната конструкција е претставен како „голем“, многу повеќе се слави во Србија отколку кај нас.

Од друга страна, објаснувањата на православната црква за одредени обичаи и верувања за верските празници се дека тие произлегуваат од самиот народ, без никаква потврда и факти дека тоа е навистина така.

Според тоа, кога вакви преданија ќе се преточат во напис кој не нуди докази за она што го тврди, резултатот е медиумска објава која е далеку од вистината и од легитимна новинарска информација. Таа се сведува на сензационалистичка содржина за привлекување внимание и за собирање кликнувања. Во конкретниот случај, на публиката ѝ  е понудена токму таква содржина.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести