Субјективно толкување, Заев не го предупредил Зекири
Објавено во Рецензии
on 11 - 12 - 2019 Автор: АдминОтворените политички судири меѓу два субјекта ја тестираат будноста на медиумите со цел да го зачуваат професионалниот однос и да не бидат пристрасни кон ниедна страна. Овој предизвик го надминуваат само новинарите кои се придржуваат кон стандардите за професионално информирање. Другите не го положуваат тестот. Еве еден пример кога судирот меѓу два субјекти или меѓу одредени експоненти во тие субјекти го истакнал непрофесионалниот однос на новинарот во информирањето за ова случка
Линк до оригиналниот напис: „Заев го предупредува Зекири: Не е прв пат, ти не сакаш, но другите во СДСМ сакаат коалиција со ДУИ“ Zaev i tërheqë vërejtjen Zekirit: Nuk është hera e parë, ti nuk do por të tjerët në LSDM duan koalicion me BDI-në
Датум и време на објавување: 21.11.2019
Датум на рецензија: 23.11.2019
Рецензира: Фатлуме Дервиши
Интригантниот наслов ги кани читателите да дознаат повеќе за забелешката што премиерот ја дава кон својот сопартиец. Брзо станува очигледно дека текстот вклучува коментари кои не беа одделени од информацијата, наменета „да напаѓа“.
„Пратеникот од СДСМ, Мухамед Зекири со албанска етничка припадност, за време на дебатата за програмата Клик Плус на ТВ21, ја изрази, меѓу другото, и неговата „омраза“ кон Демократската унија за интеграција…
Но, не доцнеше реакцијата од претседателот на Зекири, Зоран Заев, кој изјави за медиумите дека не е Зекири тој што одлучува со кого ќе коалицира СДСМ, а со кого не. Со други зборови, Заев му порача на Зекири „не го ставај носот таму каде што не ти е местото“, стои во текстот што го разгледуваме.
Новинарот во вестите може да интерпретира одредени настани за да биде појасен за читателот, но тој или таа мора да го стори тоа со избрани зборови наместо со субјективни коментари.
„Новинарите мора да прават разлика помеѓу факти и мислења, вести и коментари“, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.
Што е вистина?
Премиерот Заев во својата изјава не го предупредил Мухамед Зекири и не му се спротивставил, велејќи му како што се вели во насловот, „Не е прв пат, ти не сакаш, но другите во СДСМ сакаат коалиција со ДУИ“. Заев, без да биде критичен во формата како што новинарот го пренесува, во текстот што го разгледуваме, коментира:
„Тој (Зекири) не потенцира дека сака или не сака. Има и такви во СДСМ што сакаат и на крајот ќе донесеме одлука. Знаете што е интересно на крајот; граѓаните ни кажуваат на избори. Ако граѓаните гласаат за нас на изборите, тие ќе нè водат за идните соработки“, рече Заев за медиумите.
Авторот, понатаму, не го презентираше целосниот став на Зекири и она што тој конкретно го кажа за коалицијата со ДУИ за читателите да можат да го создадат целосниот мозаик на судирот.
Техники на манипулација
За да манипулира со неговата информација, авторот се повикува на авторитет, на премиерот, само да го дискредитира потпретседателот на СДСМ. За да го постигне ова, тој го користел и методот на личен напад или аргумент против лицето. Се толкува во туѓо име, како Зекири да не е овластен да го даде своето мислење, дискредитирајќи го притоа потпретседателот на партијата.
За читателите
Во овој текст јасно може да се види намерата на авторот да пишува против некого претставувајќи ја јавната позиција на засегнатите лица погрешно. Нема објективно претставување на ставот на премиерот, нема објаснување за ставот на Зекири и нема објективно и непристрасно претставување на веста уште во насловот. Коментарите на авторот му даваат на текстот друг правец од реалниот развој.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.