Сторија од Македонија, добитник на меѓународна награда
Објавено во Актуелности
on 27 - 11 - 2014 Автор: AdministratorСторија на реномираниот новинар Саше Димовски освои специјална награда на Форумот за медиуми кој од 13 до 15 ноември се одржа во Подгорица.
Истражувачката сторија насловена „Медиумските донации за политичките партии и сопственичките структури како потенцијален извор за корупција во македонските медиуми“ (Media donations to political parties, and ownership structures as a potential source of corruption in the Macedonian media) е направена со поддршка на проектот Медиумска опсерваторија за Југоисточна Европа (South East European Media Observatory Project). Написот покажа дека одредени медиуми играат улога на најголеми спонзори на политичките партии во Македонија, користејќи различни методи, меѓу кои и донации во текот на последната предизборна кампања. Сторијата, исто така, разоткри важни информации за офшор-компаниите поврзани со сопственици на медиуми.
„Оваа награда многу ми значи и ме охрабрува да продолжам со моите истражувања на теми кои се сметаат за забранети од нашите медиуми, главно поради нивните сопственички структури и нивните односи со политички партии“, изјави новинарот Димовски.
Наградата наречена „Миодраг Вукмановиќ“ се доделува за придонес кон професионалното новинарство, во конкуренција на 132 новинарски стории од целиот регион. Првата награда е доделена на Боштјан Видимшек од словенечкиот дневен весник „Дело“, за покривање на кризата на Блискиот Исток, со извештаи од Газа и од Сирија.
Извор: (26.11.2014). SEE Media Observatory. “Macedonian story on media donations awarded”.