verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ставот на еден, не е став на сите

on 22 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 9 - ВИДЕО_ Студен пречек - заменик министе_ - http___www.press24.mk_video-studen- 1

[Рецензија: ВИДЕО: Студен пречек – заменик министерот на СДСМ со џипот побегна од земјоделците]

 

Ова е еден крајно тенденциозен и политички мотивиран текст. Написот е несеопфатен, има цел да го наведе читателот на погрешно толкување и да му создаде погрешна претстава за она што точно се случувало на средбата на заменик-министерот за земјоделство со земјоделците од Велес.

ВИДЕО Студен пречек заменик министерот на СДСМ со џипот побегна од земјоделците Press24Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Студен пречек – заменик министерот на СДСМ со џипот побегна од земјоделците

Датум и време на објавување: 16.12.2015

Датум на рецензирање: 21.12.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А КАДЕ Е ЏИПОТ?

„Дополнителниот заменик министер предизвика наиде на жесток прием кај земјоделците во Велес. Жолчни расправии ја одбележаа неговата средба со земјоделците на терен. Тие гневни прашуваа зошто СДСМ не гласаше за владината одлука за исплата на субвенциите и зошто се обиделе да го блокираат буџетот.“

Факт е дека заменик-министерот за земјоделство од редовите на СДСМ имал средба со земјоделци од Велес, а тоа може да се види и од приложената видеоснимка. Но, она што, исто така, може да се види од видеозаписот е дека жолчна расправија имало само со еден земјоделец, а не со сите. Додека тој еден земјоделец цело време му се уфрлува во збор на министерот и му поставува прашање надвор од темата за која говори, другите молчат. Според тоа, не може да стане збор за жестока расправија со земјоделци кои биле гневни, како што се наведува во написот. Ставот на еден не може да говори за ставот на сите.

„Тие  жестоко возвратија по што Љупчо Николовски и Ленче Николовска со своите џипови ја напуштија средбата.“

А,  каде е Ленче Николовска и каде се џиповите? Тоа на видеоснимката не се гледа, така што не може да се утврди со сигурност верододстојноста на ваквото тврдење. Од друга страна, овој селективен материјал не го пренесува делот од видеозаписот каде заменик-министерот говори за мерките што неговата партија ги предвидува во областа на земјоделството. Текстот што им е понуден на читателите, според тоа, е едностран и не ја прикажува реалната слика од настанот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести