verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Стари теории на заговор за нови кликнувања

on 20 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

 

press fb

 

[Рецензија: Убиени 11 лекари кои се бореле против ракот за 3 месеци]

 

Текстот е бајат, нецелосен и со сензационалистички наслов. Се темели на видеоснимка објавена минатата година, а од целиот видеоприлог е пренесен само еден податок, бројот на мртвите доктори.

Убиени 11 лекари кои се бореле против ракот за 3 месеци Press24Линк до оригиналниот напис: Убиени 11 лекари кои се бореле против ракот за 3 месеци

Датум и време на објавување: 11.05.2016 – 22:50

Датум на рецензирање: 20.11.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

БАЈАТА ИНФОРМАЦИЈА

„Дури 11 лекари неодамна се убиени под сомнителни околности. Сите тие имале една заедничка работа, го откриле ензимот наглаза, кој се става во вакцините.“

Во написот нема прецизно временско лоцирање на настанот, се користи зборот „неодамна“ за да се создаде впечаток дека станува збор за појава која е од понов датум, иако приказната се потпира на видеосторија објавена на „Јутуб“ во октомври минатата година.

Текстот наведува дека сите доктори чија смрт е неразјаснета се поврзани со откривање на ензим, кој се користи во вакцините против рак. Но,  во него не се даваат повеќе детали за кои лекари станува збор ниту пак, се кажува кога и како се усмртени. Наместо тоа, се дава објаснување за функцијата на ензимот и неговата улога во имунолошкиот систем, што повеќе наликува на информација за некакво научно откритие за некој ензим, отколку за случај на мистериозни убиства.

Инаку, ако се погледне видеозаписот што е објавен заедно со написот, во него се открива за кои лица станува збор и за начинот на кои тие се убиени. Меѓутоа, никаде во овој материјал не се прикажани изјави од полициските власти, роднините или соработниците на починатите, па целата содржина, така како што е конципирана, повеќе наликува на теорија на заговор.

Вака структурираната вест се коси со новинарските правила, кои наметнуваат временско и просторно лоцирање на информацијата, како и нејзино целосно разработување. Дури и да станува збор за стар настан, правењето на веста може да се оправда само доколку открива нови елементи и податоци, кои досега не биле познати за јавноста. Такви нови моменти не може да се пронајдат  во написот што е пред нас . Тој остава впечаток дека е направен само за да привлече што поголема читаност, подметнувајќи им на читателите стари теории на заговор за нови кликнувања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

2 мисли во “Стари теории на заговор за нови кликнувања

  1. Уште еден линк до сторија за докторот со име и презиме: Николас Гонзалес http://www.naturalnews.com/050500_Dr_Nicholas_Gonzalez_unexpected_death_alternative_cancer_treatments.html
    Ќе почнам да се сомневам во вашите искрени мотиви да вршите вистинска проверка на факти. Божем не сте успеале да најдете а јас за 10 ина минути најдов еден куп стории за овие неколку доктори кои лекувале пациенти од рак со холистички методи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести