verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спонзорирана пи-ар статија затскриена зад новинарски текст

on 30 - 09 - 2019       

[Рецензија: Прочистувачите на воздух станаа неопходност: Зошто на Македонците им е потребен прочистувач?]

Во пресрет на зимскиот период, кога температурата на воздухот се намалува а загадувањето на воздухот драстично се зголемува, граѓаните од градовите каде што загадувањето на воздухот е десеткратно поголемо од дозволеното, стануваат очајни за инстант решение на проблемот. Одредени фирми ги искористуваат емоциите на луѓето и за поголем финансиски бенефит протнуваат маркетинг затскриен зад новинарски текст.

Линк до оригиналниот напис: Прочистувачите на воздух станаа неопходност: Зошто на Македонците им е потребен прочистувач?

Датум и време на објавување: 27.9.2019

Датум на рецензија: 30.9.2019

Рецензент: Симона Атанасова

Пред неколку години на пазарот се појавија прочистувачи на воздухот наменети за внатрешниот простор во куќите и становите. Сега, во очи сезоната на загадување, на неколку портали се објавени навидум информативни текстови за загадувањето на воздухот и за овие уреди, кои всушност преставуваат реклама за еден поголем маркет за бела техника.

Прочистувачите на воздух станаа неопходност: Зошто на Македонците им е потребен прочистувач?

Зошто секој дом во Македонија има потреба од прочистувач на воздух?

Потребата од прочистувачи во Македонија и кои се придобивките од нивното користење

Текстовите на прв поглед и според насловите делуваат информативно, но во нив има многу малку вистински информации, а многу повеќе реклама. Иако содржината на написите се разликува, сепак станува збор за сличен пи-ар текст за промоција на одредена продавница. Во текстовите вметнати се и неколку линкови, а карактеристично за нив е што сите водат до страницата на големиот маркет за бела техника.

Дека станува збор за платен пи-ар текст говори и фактот што продавницата за бела техника на својата Фејсбук страница ги објавува овие текстови и притоа ги спонзорира за да стигнат до што е можно повеќе луѓе.

 

Вистински информативен текст на оваа тема не треба да содржи само информации за продавницата и карактеристиките на уредите кои можат да се најдат во неа, туку реални податоци за загадувањето, последиците од загадувањето поткрепени со докази, начините на кои тоа може да се спречи, како и вистинско истражување за прочистувачите, а не само агресивно форсирање на одреден бренд.

Не е никаква новост одредени компании да се рекламираат на веб-портали преку пи-ар текстови. Ниту таквиот начин на рекламирање е забранет.

Она што не е во ред со овој текст е што не е наведено дека станува збор за рекламен текст, за на читателите да им биде јасно дека се работи за пи-ар текст за промоција, а не за новинарски продукт.

Во вакви пи-ар текстови мора јасно да пишува дека е текстот е спонзориран (а со тоа и напишан) од одредена фирма. Вака напишан, текстот ги манипулира читателите да кликнат на него мислејќи дека ќе се информираат за загадувањето, а всушност целта е да се протне спонзорирана реклама за одредена продавница.

Во Кодексот на новинари јасно е потенцирано дека треба да постои разграничување меѓу новинарски текст и реклама.

Новинарот не смее да го користи медиумот за објавување или прикривање информации за стекнување лична корист. Митото, корупцијата и изнудувањето се неспојливи со новинарската професија. Не смее да се дозволи рекламирањето и другите комерцијални мотиви да влијаат врз слободата на информирањето. Треба да постои разграничување меѓу рекламирањето и новинарскиот текст со илустрацијата.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести