verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Спинување со „искасапени“ изјави

on 4 - 01 - 2017       
sdren

[Рецензија: Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот]

Непрофесионален напис кој се базира на неиздржани тврдења и на коментари, а главниот напад кон прозваните еколози се базира на „искасапени“ сегменти од една емисија емитувана на друг медиум. И наместо на забелешките на еколозите изнесени во делови од преземената емисија да се понудат реакции – изјави  од компетентни соговорници, се изнесуваат тенденциозни коментаторски реплики, при што клучниот „аргумент“ е дека прозваните еколози не се од Охрид!

ekologistite-so-niza-navredi-i-nebulozni-tvrdenja-vo-eterotЛинк до оригиналниот напис: Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот

Датум и време на објавување: 27.12.2016

Датум на рецензирање: 03.01.2017

Рецензент:Александар Пешев

 

ЕДНОСТРАНОСТ И ПРИСТРСНОСТ

На самиот почеток на текстот се нижат тврдења за кои нема аргументи или барем линкови што би го потврдиле кажаното:

„Во година кога Охрид остварува раст во туризмот кој не се памети со децении, година кога градот се промовира како бисер од светска каласа на над 200 странски медиуми со светско реноме, во година кога градот авионски се поврза со рекорден број светски метрополи, а аеродромот оствари рекорден број на прием на патници, во време кога знаеме дека сезоната ни трае најмалку 6 месеци, а туристи во Охрид имаме цела година, екологистите вчера на една телевизија имаа бисерен настап со серијал тврдења кои во еден дел се невистинити , во друг дел контрадикторини сами со себе, а во третиот се навредливи за сите кои живеат во Охрид“.

Ваквите паушални наводи се вовед во еднострано известување и создаваат сомнежи за пристрасност. Нејасно е, на пример :

  •  Како е утврдено дека годинава Охрид остварува раст во туризмот кој не се памети?
  • Кои се барем некои од посочените 200 странски медиуми во кои градот е промовиран како бисер од светска класа? (барем еден линк од медиум кој дал ваков опис за Охрид)
  • Со кои светски метрополи се поврза Охрид и колкав е бројот на патници во споредба со претходните години?

 

 

ВАДЕЊЕ ОД КОНТЕКСТ

Наместо издржани докази или линкови до информации што би ги поткрепиле изнесените тврдења, се изнесуваат серија парафрази без ниту еден конкретен цитат од изјавите на посочените личности. Професионалниот новинарски пристап подразбира дека кога во еден телевизиски прилог се употребуваат сегменти од изјави на соговорници, треба да се даде и контекстот на изјавите преку текстот кој се чита пред и по тонското парче (т.н. офтон). Но, за жал во оваа објава имаме искасапени изјави, при што е направена селекција само на тие делови од целата емисија што одат во прилог на тврдењето во тенденциозниот наслов: „Екологистите со низа навреди и небулозни тврдења во етерот“. Ваквото спинување на видеоматеријалот е неприфатливо во професионалното известување.

Тоа што по искажаните тврдења, пак, се нуди линк до целата емисија, сепак не го оправдува „касапењето“ на изјавите на еколозите кои со насловот и со коментарите се веќе дискредитирани.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност, друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести