Спинување на поимот федерализација
Објавено во Рецензии
on 8 - 12 - 2016 Автор: Силвана Жежова
[Рецензија: ФОТО: Со еднојазични постери Заев почна федерализацијата да ја спроведува на дело]
Текстот што го рецензираме е школски пример за спин, бидејќи обвинува дека „со еднојазични постери, Зоран Заев започна федерализацијата да ја спроведува на дело“. Имено, федерализација на држава не се спроведува со печатење политички пропаганден материјал на јазик кој во државата е втор најупотребуван. Ниту постои пример за држава во светот која токму на тој начин била федерализирана. Оттука, се поставува прашањето дали државата и сега е федерализирана, бидејќи имиња на школи и на институции, освен на македонски, се испишани и на албански јазик, а притоа истиот овој јазик може да се користи и при пополнување официјални документи во македонските државни институции.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Со еднојазични постери Заев почна федерализацијата да ја спроведува на дело!
Датум и време на објавување: 07.12.2016
Датум на рецензирање: 08.12.2016
Рецензент: Силвана Жежова
ПАРТИСКА РЕТОРИКА
Од фотографијата не може да се утврди дали повикот на опозицијата за да излезат граѓаните на митинг бил преку пропаганден материјал испечатен само на албански јазик. Можеби овој памфлет е сликан за да се напише текст во кој лидерот на опозицијата ќе се обвини дека „за него македонскиот јазик не постои“. Федерализација, кантонизација се едни од најчесто употребуваните термини на владејачката партија и на Коалицијата за подобра Македонија на нивните митинзи со кои тие сакаат да ја дискредитираат опозицијата, а истиот речник се употребува и во овој „новинарски текст“, кој многу повеќе наликува на партиско соопштение.
„Заев само на албански јазик ги повикуваше дебарчани на митинг, за него македонскиот јазик како да непостои“.
ТВРДЕЊЕ БЕЗ ДОКАЗ
За ова тврдење во текстот не постои никаков доказ. Во насока на поткрепа на истото, во овој случај можеби можеше да се стават фотографии од двата митинга и да се направи споредба. Во тој случај, читателите би имале потврда на (не)вистинитоста на ова тврдење.
„Но и покрај сите очајнички обиди на Заев, митингот на СДСМ во понеделникот во Дебар повторно имаше двојно помалку луѓе од вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.“
Текстот е несеопфатен и не може да се утврди неговата вистинитост. Притоа е едностран и политички пристрасен со обид за дискредитација на опозициски лидер. Во него провејува „националистички обид“ за освојување на читателите. Насловот е тенденциозен и дезинформирачки!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
национална дискриминација, политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови